ДУМА, ОПИТ, УКА 23

Потребно време за читање: 2 минути

23. Вистина-Вистинољубие

Македонски народни пословици

Лагата поарно ја веруаат одошто вистината.

Мене лага, тебе вистина.

Сон е лага, Бог е вистина.

Вистината е посјајна од сонцето.

Вистината е како пипер в очи.

Повреди ме со вистината, ама никогаш не ме теши со лагата.

Маслото излагат над вода. (Овде масло-зејтин. Кога поради завист некој кодоши, но после вистината се дознава).

Вистина на чистина.

Вистината боцкат.

Ако се изм`мит, та вистината да ти ја кажит.

Справедлива уста на царот му е пријатна, и Господ го сака оној што ја кажува вистината.

Пословици од народите на светот

Кој ја бара вистината, мора да умее да ја поднесе. (Кинеска)

Вистината и маслото секогаш излегуваат на површина. (Арапска)

Пред да ја испуштиш стрелата на вистината, нејзината острица натопи ја во мед. (Арапска)

Вистината не е во еден, туку во повеќе соништа. (Арапска)

Вистината има само еден одговор, а лагата седум. (Африканска)

Од страв пред луѓето не смее да се говори вистина, од страв пред совеста не смее да се лаже. (Азербејџанска)

Вистината е како света вода: секој ја фали, ама никој не сака да му ја прскаат в очи. (Германска)

На вистината не ѝ е потребен сапун, таа има природна убавина. (Германска)

На вистината не ѝ се потребни многу зборови, а лагата никогаш ги нема доволно. (Германска)

Вистината има убаво лице, ама лоша облека. (Англиска)

Беше еднаш една вистина, ама ја изеде `рѓа. (Малоруска)

Вистината се разјаснува постепено, како што постепено настанува утрото. (Етиопска)

Латински изреки и пословици

Очигледната работа не треба да се докажува. (Manifestum non eget probatione.)

Вистината победува. (Veritas vincit.)

Секој е најдобар толкувач на својата вистина.

Светлината фрла сенка, а вистината открива тајна.

Кога би се потрудиле да бидеме онакви какви што би требало да сме, би ни требало помалку напор да се претставиме поинакви одошто сме.

Домисла- Гесло- Мисла водилка

Вистината купувај ја, никогаш не продавај ја!
Библија

Почнете на луѓето да им ја кажувате вистината в очи и ќе дознаете многу нешта за себе.
Литературная газета

Вистината треба да се живее, а не само за неа да се зборува.
Суфистичко учење

Некои луѓе трагаат по вистината за подлабоко да ја закопааат.
Nepszabadsag

За вистината е добро кога има различни гледишта.
Талмуд

Оној што ја спознал вечната вистина не гледа ниту болка, ниту болест, ниту смрт.
Упанишади

Само вистината води до успех, никако невистината. Вистинољубието ја открива патеката на среќата-патека по која одат мудрите ослободени од жедност, која ги води во вечното живеалиште на вистината.
Упанишади

Нека моите зборови не се разликуваат од моите мисли и нека моите мисли не се разликуваат од моите зборови.
Упанишади

На вистината ѝ е судено да се бори против лагата. Вистината ќе победува, ама лагата секогаш ќе се враќа, па вистината секогаш повторно ќе мора да се бори со неа. Ако не го прави тоа, ќе биде засекогаш изгубена.
Етиопско предание

 

Leave the first comment