Предбрачно запознавање

Потребно време за читање: 3 минути

Значи, сте ја нашле жената/ сте го нашле мажот на својот живот, се разбира совршена/ совршен. Со тоа лице веќе сте го испланирале целиот живот во својата глава.

А всушност, колку навистина се познавате? Многу парови мислат дека брачниот живот ќе им биде убав и хармоничен, а за запознавање имаат цел живот пред себе. Сосема погрешно! Од клучна важност е пред бракот да се запознаете што подобро и што повеќе да дознаете еден за друг.

За многу важни работи никогаш не разговараме од причина што мислиме дека се подразбираат. Тогаш во бракот непријатно ќе се отрезниме и ќе се разочараме, а нашиот заеднички живот ќе стане само сенка од она што сме го замислиле и за што сме мечтаеле. На крајот се се завршува со познатите реченици: „Што се случи со човекот за кого се омажив?“ или „Каде ми беа очите и умот?“ и сл.

За вашето сакано лице да не стане странец, брачните стручњаци односно советници предлагаат разговор за неколку важни аспекти кои го прават брачниот живот. Можете да ги користите следните прашања за почеток на разговорот и истражувањето. Притоа е важно да издвоите време прво секој од вас насамо да одговори на нив, а потоа седнете со вашиот иден партнер и тргнете заедно на едно патување. Вашиот разговор веројатно ќе стимулира уште прашања. Изразете ги своите чувства што е можно повеќе. Бидете искрени и отворени, а исто така што попрецизни и конкретни во одговорите. Вашииот партнер нека го повтори она што тој (или таа) разбрал(а) дека сте кажале.

На крајот поразговарајте како можете да направите компромис и да дојдете до што поголемо разбирање за тоа на кој начин сакате овие области во вашата врска да се променат или да се подобрат. (Ова би требало да го сторите веднаш по одговорот на секое прашање, за ништо да не ви го одвлечка вниманието од разговорот за вашата заедничка иднина.)

Бидете одредени и поставете некои цели.

Решавање на конфликти:

На кој начин вашите родители решавале конфликт?;

Кога би дошло до конфликт во вашето семејство, што се случувало (молчење, повлекување, експлозивен гнев, отворен разговор итн.)?;

На кој начин конфликтот е решен?

Дали делувало ако еден од родителите секогаш „победува на крајот“?

Воспитување на деца:

На кој начин љубовта се искажувала во семејството од кое потекнувате?

Како ве дисциплинирале?

Дали дисциплинирањето било строго или прилагодено на престапот?

Дали сте ги исполниле очекувањата на вашите родители?

Финансии:

Како сте учеле за управување со пари?

Кој имал главна одговорност за прашањата поврзани со парите во вашиот дом?

Какви значајни шаблони, кои го одразуваат финанискиот став на вашето семејство, користите и денес?

Каква била филозофијата или мотото на вашето семејство кога биле парите во прашање (не она што го зборувале, туку она што го живееле)?

Секс:

Дали во вашето семејство на соовдетен физички начин се искажува љубовта?

Дали сексот бил табу тема?

На кој начин се зборувало за прашањата на голотијата и сексот?

Кој бил основниот призвук во вашиот дом кога во прашање биле сексот и вашата сексуалност?

Комуникација:

Дали било безбедно да се зборува за чувствата?

Кој бил комуникаторот во вашето семејство?

Дали од вас се очекувало да „читате мисли“?

Дали сте можеле да ги изразите вашите емотивни потреби и да примите соодветен одговор?

Роднини:

Каква улога вашите баби и дедовци имале во вашето семејство?

Дали семејната лојалност била важна?

Дали постоеле семејни тајни кои биле забранети теми?

Кому уште, освен на вашите родители, би можеле да му се обрнете за поддршка и разбирање?

Рекреација и забава:

Дали семејната забава била воведена како „закон“ во вашиот дом?

Дали сте оделе на одмор заедно како семејство?

Дали тоа било пријатно искуство?

Кои семејни активности ви се врежани во сеќавањето?

Дали рекреацијата била опуштено искуство или само уште една арена за натпревар?

Духовност:

На кој начин Божјиот карактер бил насликан во вашето семејство?

Дали традицијата била многу поважна од вистинско заедништво со Бога?

Со каква значајна порака за себе и за Бог сте излегле од детството?

Дали имате вистинско чувство на Божјо прифаќање и љубов?

Leave the first comment