САМОБИТНАТА СЕНКА И ЉУБА, роман во продолженија

Потребно време за читање: < 1 минута

85. Нова недоумица

Му се испомешаа емоциите на Аврам. Конечно ја пронајде мајка си! Неизмерна радост? Да. Но сега, но отсега што? Одушевен оти Љуба, ваква силна и творечка личност му е мајка. Да, ама зошто дури сега таа му го открива тоа?…Што отсега? Дали и како ќе се смени нивниот однос? Тој самостоен, семеен човек, бизнисмен, политичар, а таа…Може некако да се надоместат годините на оддалеченост, па и на меѓусебна оттуѓеност? Изненадувањето е исто како кога ненадејно се случува љубов или средба на долго разделени ближни. Ама зошто?

Ги прекинува молкот и солзите:

-Јас сум твој син?!…Вие сте мојата мајка?!…Сигурни сте?!

Љуба:

-Како тоа дали сум сигурна?!…Јас лично те оставив во сиропиталиштето…Морав…Имаше само две ипол години…

Ја прекинува:

-Писмото…ти…Вие ми го напишавте?

Љуба:

-Јас…Ѝ го издиктирав на Самобитна сенка.

Тој се сетува:

-А татко ми…да не е Славен Источник?

Љуба:

-Да, тој е….Ти си рожба на на наша таена голема љубов. Минлива, површна, мигновена, недоречена, недокажлива и неповторлива, а единствена.

Leave the first comment