Џими Хендрикс (James Marshall Hendrix „Jimi“ Hendrix, 23. ноември 1942.-18.септември 1970.), американски музичар, легенда на рок музиката, од многумина наречен гитарист гениј.
Еден од најголемите гитаристи на сите времиња, а според многумина и најголем.
Главното за него: пионер, иноватор и, интересно, самоук леворак гитарист. Пресудно влијаел врз рокот, блузот, џезот, соулот, R&B и многу други музички стилови. Негови учители и инспиратори се B.B. Kijng, Muddy Waters, Robert Johnson i Chuck Berry.
Својата историска кариера ја започнува во Лондон, а по неговата прерана смрт се издадени бројни компилации, студиски и концертни албуми со негов необјавен материјал. Роден е во Сиетл, а почина во Лондон.
Неговиот живот и музичката кариера се паознати во сите детали, за него се напишани бројни биографски книги и студии:
Џејмс Маршал Хендрикс (James Marshall Hendrix), попознат како Џими Хендрикс (Jimi Hendrix), светот за првпат го запозна со првиот сингл од 1966. година, но и го следеше само 4 години.
Сепак, приказната за неговата музичка кариера започнува многу порано. Често се наведува една анегдота која ја најавува неговата вљубеност во свирењето: Џими во својата соба лудувал и замислувал како свири на гитара кога му дошол татко му со метла и му рекол да ја среди собата. Татко му отишол, а кога се вратил го нашол Џими како спие со метлата преку себе како да држи гитара. Го разбудил и го прашал „Што си работел?“, а Џими му одговорил „Ја свирев метлата!“.
Треба да се наспомне дека татко му Ал Хендрикс имал голем број на блуз и џез колекции на плочи, а кога забележал колку е „загреан“ за музиката уште на 15 години му купил електрична гитара. Гитарата била десначка, а бидејќи Џими бил левучар си ја прилагодил на себе си- ги свртел жиците.
На 16 години во средното училиште го формира својот прв бенд. Хендрикс толку време минувал со гитарата в раце што како да се „стопил“ со неа. Поради обврска, во 1961. година се пријавува во војска, а веќе следната е отпуштен поради тешка повреда по скок со падобран. По враќањето од војска ја започнува својата музичка кариера.
Поради прекумерна доза на таблети за спиење и вино, на 18. септември 1970. година во хотелот „Самарканд“ во Лондон, каде што се сместил со девојката Моника Данеман, умира една од најголемите икони на рок музиката- Џими Хендрикс. Проживеал само 27 години! Го пронашле мртов покрај девојката која, ако била будна, можеби и можела да му го спаси животот.
Во 2009. година британските медиуми повторно ја распламтеа приказната дека Хендрикс е убиен од страна на својот тогашен менаџер Мајкл Џефри, кој со убиство на Хендрикс (со помош на убиствена комбинација на шише вино и таблети за спиење) се спасил од банкрот. Последните зборови на Џими Хендрикс што го напишал ноќта пред смртта биле: „The Story Of Life Is Quicker Then The Wink Of An Eye The Story Of Love Is Hello Goodbye Untill We Meet Again“.
https://www.youtube.com/watch?v=W3JsuWz4xWc
Џими Хендрикс е погребан на Grenwood Memorial Cemetery во Рентон, предградие на Сиетл, држава Вашингтон, САД.
Мошне богата е неговата куса музичка кариера. Најнапред свирел како придружба на познати музичари во тоа време (Same Cooke, Ike & Tina Turner, B.B. King, Wilson Pickett…). Во Њујорк се запознава со Chas Chandler, бас гитарист на групата The Animals и тоа е неговиот вистински музички почеток. Имено, Chas Chandler и Michael Jeffery му стануваат менаџери, го убедуваат да дојде во Лондон, па на иницијатива на Chandler го формира триото The Jimi Hendrix Experience- со Mitch Mitchell на тапани и Noel Redding на бас гитара. Премиерен настап триото имало во париската хала Олимпија, а во есента на 1966. година го снима синглот „Hey Joe“, кој на британската топ листа се пласира на 6. место. Потоа излегува вториот сингл, можеби најпознатиот хит на Хендрикс „Purple Haze“.
На препорака од Paul McCartney, Хендрикс заминува да свири на добротворниот Monterey Pop Festival (за кој D.A.Pennebaker го сними документарниот филм „Monterey Pop“), што се одржал пред 50.000 посетители. Освен Хендрикс, настапиле и The Who, Otis Redding, The Byrds, Greatful Dead, Jefferson Airplane, Big Brother & The Holding Company, The Mamas & the Papas, Canned Heat и др. На концертот имал одличен настап, бил оценет како најкреативен гитарист (притоа ја жртвувал-искршил гитарата!). Тоа и се потврдило со деби албумот „Are You Expirienced?“, кој достасал на 2. место на британската топ листа, а по фестивалот и на 5. место на американската топ листа.
https://www.youtube.com/watch?v=-h6qVGoRcJg&list=PLcM_XPyJR-O21iL6Gk57uBzCNqQKcVH1H
Стручњаците веднаш ги забележале спецификите на свирењето на Џими Хендрикс: испрекинати рифови, растурачки фидбек и срцепарателни wah-wah педали. А со свирењето на својот Fender Stratocaster зад грбот и зад вратот, па дури и со заби, со своето шоу привлече и многу познати музичари на своите свирки (Eric Clapton, Jeff Back).
Поради меѓусебно несогласување, во 1969. година бендот се растура, а Хендрикс се враќа во Америка. Свири по фестивали, од кои секако најважен е Вудсток, дотогаш најголем фестивал на кој и премиерно ја отсвирел американската химна „Star Spangled Banner“, пред повеќе од 400.000 луѓе. По Вудсток формира нов бенд „Band Of Gypsies“, во кој настапуваат само црни музичари. Издава само еден, и тоа албум во живо, снимен на дочекот на 1970. во Filmore East халата во Њујорк.
Во текот на концертот во Madison Square Garden во Њујорк, на запрепастување на своите фанови, а и на другите членови на бендот, Хендрикс едноставно среде настапот отишол од сцената и со тоа дал на знаење дека повеќе не сака да настапува со нив. Се враќа во Лондон, каде што повторно го собира „Expirince“ и се обидува да сними нов албум, кој требало да се вика „First Ray Of The New Rising Sun“. Не успева поради трагичната смрт.
Таткото Ал Хендрикс по низа судски и правни борби во 1995. година го добива правото на наследство на се што создал и оставил Џими, па потоа издава видео касета за снимањето на албумот „Electric Ladyland“, со помош на Џени Хендрикс-Врајт (Janie Hendrix-Wright), сестрата на Џими.
На 9. март 2010., е објавен албум со наслов „Valleys of Neptune“, на кој се наоѓаат 12 студиски снимки. Песните се ремастерирани и до сега не се комерцијално објавени на ниеден албум на Џими Хендрикс. Снимките настанале во 1969. со составот „The Jimi Hendrix Experience“, кога Хендрикс за првпат засвирел со басистот Billy Cox.
Дискографија.
Со The The Jimi Hendrix Experience: Are You Experienced (1967.), Axis: Bold as Love (1967.), Electric Ladyland (1968.)
Со Band of Gypsys: Band of Gypsys (1970., во живо).
Постхумни албуми: The Cry of Love (1971.), Rainbow Bridge (1971.), War Heroes (1972.), Loose Ends (1974.), Crash Landinq (1975.), Midnight Liqhtininq (1975.), Nie to the Universe (1980.), Radio One (1988.), First Rays of the New Rising Sun (1997.), South Saturn Delta (1997.), Valleys of Neptune (2010.).