Дали моделот на часовниците што ги носат мажите нешто зборуваат за нив? Одговорот е позитивен, а притоа е многу важно да се има предвид дека не е нужно часовникот да има голема материјална вредност.
Еден редок пример кој зборува многу:
Несекојдневен, но не многу скап часовник произведен од непозната компанија стана мошне популарен во Америка, помеѓу најбараните на американскиот пазар, со тенденција да се прошири и на остатокот од светот. Таквиот успех нема никаква врска со дизајнот или со скапата реклама. Тајната лежи во фактот дека часовникот му бил наводно омилен на поранешниот американски претседател Барак Обама.
Часовникот Jorg Gray 6.500, првобитно дизајниран за Тајната служба на САД, нагло стана познар откако припадници на оваа агенција му го подариле за роденден на Обама. Кога моделот, кој чини околу 300 евра, го забележал Џеф Стејн, адвокат од Атланта и љубител на часовници, на раката на американскиот претседател на повеќе официјални случувања (демократската номинација на Обама во Денвер, победничкиот говор во Чикаго, инаугурацијата и Г20 самитот во Лондон) комерцијалниот успех беше загарантиран. Не поради тоа што го нуди како часовник, туку поради неговото значење. Поседувањето на еден ваков ве става во ист кош со најмоќниот човек на светот.
Часовниците се вносен бизнис. Во последниве пет години овој сектор доживеа голем пораст. На пример, швајцарската индустрија на часовници скокна од 2,5 милијарди фунти во 1986. на 10 милијарди во 2008. Во меѓувреме, до денешни дни, тој надмина 3 милијарди.
Дали примарната функција на часовниците-да покажува време, е веќе застарена со пронаоѓањето на мобилните телефони и Блекбери. Па зошто тогаш се уште ги купуваме? Зошто државниците секогаш им ги подаруваат на гостите на официјалните посети?
Фактот дека луѓето се уште купуваат квалитетни часовници е голем успех за индустријата која во раните 70- ти растеше. Пронаоѓањето на кварцни (во аналогна или дигитална форма) во 1967. е видено како најголем предизвик за традиционалната индустрија на часовници, која за првпат се соочи со тоа кога рачниот часовник стана популарен на крајот од Првата светска војна. Фактот дека евтиниот Casio часовник со светлечки лед дисплеј беше нешто што секој младич сакаше да го има, се поклопи со економската депресија во која целиот свет се најде во 70-тите години на минатиот век.
Требаше да минат неколку години за повторно да се врати вредноста на часовниците. Во средината на 80-тите поенергична и поинвентивна маркетиншка понуда требаше да ја поврати индустријата од работ на пропаста. Тогашните махери во индустријата на часовници решија часовниците да не треба да бидат само показатели на време, туку да претставуваат вистински мали уметнички дела со екстремно добра изработка, кои ја претставуваат традицијата, ја инкорпорираат технологијата и ја уфрлуваат иновацијата. Тие би требало да бидат ефектни како костум скроен во Севил роуд, Ферари спортски автомобил, членска картичка на Mayfair клубот и НАСА вселенски брод, вклопен во еден пакет кој би можел уредно да биде на вашиот зглоб.
И покрај нивната големина и пасивното присуство, часовниците можат да имаат и спортска нота, опасна или авантуристичка. На пример, така беше прд 30-тина години кога Таг Хеуер потпиша договор со тимот на Мекларен кој се натпреварува во Формула 1 и ненадејно тој часовник стана еден од најгламурозните спортски часовници.
Се смета дека часовниците се едни од работите кои може човек да ги носи и со нив да покаже некоја своја карактеристика. На пример, да покаже дека е член на некој специфичен клуб.
Тие се прифатлив машки накит. Rolex или некој друг, било да е од злато, платина или челик што не ‘рѓосува, е сосема прифатлив дел од машкиот накит: ракавиците можат да бидат ризичен избор, прстени со жиг не се за секого, обетки никако не се прифатливи, а златните синџири се смешни.
Еден високо котиран часовник, Patek Philippe моделот, со лимитирано производство, под називот Calibre 89, е најкомплициран светски часовник кој има дури 33 функции (меѓу другото, часовникот ви кажува кога е изгревот, а кога залезот на сонцето, а навестува и престапна година).
Мошне важно: ако внимателно изберете часовник, тој ќе ја задржи својата цена или вредноста дури ќе му порасне. Една од причините за продажба на часовници на аукции е и оти купувачите го препознаваат стариот квалитет и во нив гледаат сигурна инвестиција. Часовникот Patek Philippe Henry Graves Supercomplication од 1930. година на аукција е продаден за 11,5 милиони долари!
Без оглед дали чини 50 или 5.000 евра, часовникот за мажот би можел да претставува исто што и чевлите за жена.
(Користени повеќе прилози на Интернет)