Извор: https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Claude_Chabrol_(Amiens_nov._2008)_15.jpg
Клод Шаброл, Извор: https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Claude_Chabrol_(Amiens_nov._2008)_15.jpg
Потребно време за читање: 2 минути

Жан Лик- Годар, Франсоа Трифо, Клод Шаброл, Ерик Ромер и Жак Ривет се најважните претставници од многубројните кои како критичари во легендарното списание „Cahiers du Cinema“, а потоа и како режисери, почнаа да ги уриваат дотогашните конвенции на францускиот филм, оптоварен со статика, литераризација и претеран академизам.

Критиките им беа изразито субјективистички и максимално тенденциозни. Најекстремен помеѓу нив беше Франсоа Трифо, според кого работите биле црно- бели, а најлоши филмови на режисерите што беа сакани поради нивниот препознатлив „авторски пристап“, како Жан Реноар, биле според нив секогаш подобри од најдобрите филмови на занаетчиите кои го претставуваа преживеанит свет (на пример Рене Клер, Марсел Карне, Клод Отан- Лара).

Познати се стилските обележја на претставниците на „новиот бран“:монтажни скокови, долги кадри, снимање од рака, често користење на скриена камера. Неодамнешната смрт на Клод Шаброл тажно се вклопи во нивното повторно актуелизирање, а врв на прославата на 50-годишнината е доделување на Оскар на Жан- Лик Годар за животно дело.

Прочитај и за ... >>  Кинокултурата во Македонија и светот

Треба да се потенцира дека „новиот бран“ не беше кохерентна целина, Нема двојба дека француските режиери, кои се појавија на крајот од 50-тите години на минатиот век под заеднички назив „нов бран“, предизвикаа дотогаш незамисливи поместувања во светската кинематографија.туку повеќе израз за група на големи индивидуи, па се смета дека нема негов официјален почеток. Сепак, „400 удари“ на Трифо, од 1959. година, и Годаровиот „До последен здив“, од 1960., се сметаат за неформален почеток на бранот чии влијанија се чувствуваат до денес, од раните поклоници како Џон Касаветес, Мартин Скорсесе, Вим Вендерс, Роберт Алтман, се до најголемиот филмаџија на денешнината Квентин Тарантино, кој сопствената продукциска куќа „Bande à part“ ја нарекол според филмот на Годар.

Тројцата најважни режисери и трите „заштитни лица“ на францускиот „нов бран“ се:

Жан Лик Годар- најголем експериментатор, прославен со филмовите „До последен здив“, „Да се живее свој живот“, „Презир“, „Необична банда“, „Мажена жена“, „Машко женско“, „Машки род, женски род“…

Прочитај и за ... >>  Морнарскиот данок

Франсоа Трифо- најмилитантен помеѓу критичарите. Дебитира со „400 удари“, по што реди успеси со „Пукајте во пијанистот“, „Жил и Џим“, „Украдени бакнежи“, „Фаренхајт 451“…

Клод Шаброл- мајстор на трилери. Дебитираше со филмовите „Убаво Серж“, во 1958. година, а посебно е забележан со низа трилер/драми од крајот на 60-тите „Неверна жена“, „Ѕверот мора да умре“, „Месар“…

Жан-Пјер Лео, како Трифоов алтер-его Антоан Доанел, глумеше од раната младост во „400 удари“, „Антоан и Колет“, „Украдени бакнежи“…

Ана Карина, од Данска, сопруга на Годар од тоа време, глумеше во „Жената е жена“, „Да се живее свој живот“, „Необична банда“, „Алфавил“, „Мажена жена“…

Париз и негови знаменити локации се дел од „главните јунаци“, и тоа во прв план. Посветен му е и омнибус на шестмина автори „Париз виден со очите…“.