Зависноста од Интернет

0
34

Освен радикалното менување на начинот на живот, осознаено е негативното и позитивното влијание на Интернет врз здравјето: зависност, депресија, подобрување, но и слабеење на функциите на мозокот.

На сѐ поголемиот број корисници на Интернет во светот значително придонесува зголемувањето на бројот на сурфери во земјите во развој. Меѓутоа, јазот помеѓу високо технолошки развиените земји и оние во развој и натаму е голем.

Има ли место за загриженост за здравјето поради прекумерно користење на Интернет? Одговорот е и „Да“ и „Не“.

Имено, стручњаците предупредуваат дека дете или младо лице кое секојдневно на Интернет минува „сенасе“ 4 часа, што е 28 часа неделно, влегло во фаза на Интернет зависност. Таа, пак, се чини дека станува голем општествен проблем, за што говори податокот дека нејзините симптоми се идентични на зависноста од наркотици, алкохол или комар. Кризите се неминовни, како и стручна помош во лечењето.

Луѓето кои мнивуаат многу време на Интернет многу повеќе се наклонети на симптомите на депресија. Ова го потврди првата опширна студија од овој вид на Запад, што ја спровеле психолози од Универзитетот во Лидс.

Истражувачите пронашле несоборливи докази дека некои корисници развиле компулсивна навика да бидат на Интернет, така што ги заменуваат стварните друштвени интеракции со online четови и социјални сајтови. Резултатите сугерираат дека овој вид на зависничко сурфање може да има сериозно влијание врз менталното здравје.

Водечкиот автор на студијата, Д-р Катриона Морисон, изјавила дека Интернет сега игра голема улога во модерниот живот, но користа од него има и „мрачна“ страна: додека многумина од нас Интернет го користат за плаќање на сметки, за купување на производи и испраќање на e-mail-ови, постои и помал број на популација кој тешко може да го контролира количеството на време што го минува „на нет“, до таа мера што тоа ги попречува нивните секојдневни активности.

Овие „зависници од Интернет“ го минуваат поголемиот дел од своето време на сајтови со еротска содржина, online игри и online социјални заедници. Исто така имаат поголем показател на умерена или тешка депресија од корисниците кои не се „навлечени“.

Истражувањето покажува дека прекумерната употреба на Интернет е поврзана со депресија, но она што не го знаеме е што доаѓа прво-дали депресивни луѓе се привлечени од „магиите“ на Интернет или е Интернет тој што ги доведува во таа состојба. Она што е јасно е дека за мал број на луѓе прекумерната употреба на Интернет може да биде сигнал на предупредување на наклонетост кон депресија.

Во студијата младите луѓе имале поголеми шанси да бидат зависници од Интернет одошто средовечни корисници, а просечната возраст на оние кои се „навлечени“ била 21 година. Д-р Морисон потенцира дека сега е потребно да се анализираат пошироките социолошки импликации на односот помеѓу депресијата и зависноста и јасно да се утврди влијанието на претераната употреба на Интернет врз душевното здравје.

А водечкиот невролог од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес, Гари Смол, тврди дека часовите минати на Интернет не само што го менуваат начинот на работа, купувањето или дружењето на луѓето и контактите со други, туку и постепено влијаат врз мислењето и однесување на корисниците на глобалната информатичка мрежа.

Во својата книга „е-Мозок: Како да се преживее технолошката промена на современото мислење“ тој го опишал влијанието на новите технологии врз нашиот мозок и однесувањето, и притоа укажува дека постапките кои се повторуваат секојдневно, како што е барањето на информации на Интернет, влијаат врз растот на невроните и заемните врски во мозокот, што го менува начинот на мислење и однесување. Иако користењето на Интернет на некој начин ги подобрува функциите на мозокот, тоа исто така може да доведе до нивно слабеење. Некои испитувања покажале дека постои заемна поврзаност помеѓу прекумерното користење на компјутерот и синдромот на пореметување на вниманието, депресијата и вознемиреноста.

Меѓутоа, исто така постојат и добри страни на навиката на повеќечасовно седење пред компјутерот. Истражувања на американски научници покажале дека секојдневното користење на Интернет може битно да ги подобри функциите на мозокот.

„Ако никогаш не сте користеле компјутер, време е да почнете“, препорачува професорот Смол. „Како што откривме, дури и половина час дне вно можат силно да го подобрат системот на обработка на информации, дури и помеѓу лица стари од 55 до 65 години“, заклучува тој.

Истражувачите од Универзитетот Калифорнија пред две години спровеле и студија со учество на 24-ца испитаници помеѓу 55 и 76 години старост и утврдиле дека позитивниот учинок на сурфањето низ web страниците би можело да се употреби за борба со физиолошките промени (намалување на волуменот на мозокот, редуцирање на активностите на станиците на мозокот), кои во постарите години доведуваат до слабеење на когнитивните способности.

Поранешни истражувања покажаа дека пасиите кои одржуваат високо ниво на активност на мозокот- на пример шахот, па се до решавање на крстозбори-можат да го ублажат негативното влијание кој процесот на стареење го има врз когнитивните способности.

Инаку, што се однесува на Интернет утврдено е дека жените се тие кои почесто пребаруваат на него во потрага по информации за здравјето и болестите. Додека лицата кои чаови пред одење в кревет минуваат сурфајќи на Интернет или гледајќи телевизија чувствуваат дека им недостасува сон, иако спијат подеднакво долго како и останатите.

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion