За глупоста

0
46
facka

Кој ли да ја мери глупоста за да ја подзапре, за во друго време да не пречи кога веќе нема сила што може да ја спречи саде зулум да им прави на луѓето?

А ни дошла до гуша, та почна да не дави. Може и да не удави кога не се ни обидуваме да им ја измериме и исмееме на овие дома и оние надвор.

Барем да не им ја прифаќаме кога ја пркрстуваат со интерес.


Избор од македонски народни пословици за глупоста:

  • Ако беше му било кусо алиштето, ќе му се придаеше, ами коа му је умо кус, не можиш да му го придаиш;
  • Ама глаа, ама тиква; ама глаа, ама црпка;
  • Арно му је брадата бела, ами коа му је глаата дебела;
  • Глаата да му падни кога нема во неа семки;
  • Глупаиот не припознаа добрина што да му се праи, и да му напраиш добрина, не припознаат; и да не му напраиш, па не припознаа;
  • Даруш, магаруш, не даруш, па магаруш;
  • Кадијата умо да му го носи;
  • Капа му дупи тој што го има;
  • Лета, лета магаре, речи му, и шутио ќе ти поверуа;
  • Магарињата не се со рогои, ами сет со долзи уши;
  • На две магариња сено не знаи да му врли (али слама);
  • Од многу ум што има, дури се ошути. Ум нема;
  • Откоа се ожени, уште поеќе се ошути;
  • Пари има, ум нема. Ум има, пари нема;
  • Умо му лета по чавките. Шут.

Пословици од народите на светот за глупоста:

  • Варди се од брзање зашто тоа секогаш доведува до каење: оној што брза зборува пред нешто да дознае, одговара пред нешто да сфати, одлучува пред нешто да провери, куди пред во нешто да се убеди. (Арапска)
  • Глупостите за кои најмногу жалиме се оние што никогаш не сме ги направиле. (Хрватска);
  • Молчи или зборувај нешто повредно од молчењето. (Германска);
  • Мудроста што ја преминува мерата е полоша од глупоста. (Монголска);
  • Паметниот ги крие своите добрини, будалиот ги држи на јазикот. (Монголска);
  • Подобро е со мудар да се плаче, отколку со будала да се пее. (Словенска);
  • Ако ти е паметта слаба, мораш да имаш силен грб. (Бугарска);
  • Глупави се сите кои така изгледаат и половина од оние кои не изгледаат така. (Повеќе народи);
  • Глупавиот што станал свесен дека е глупав повеќе не е глупав. (Повеќе народи);
    -Ако е некој луд, не биди му другар. (Повеќе народи);
  • Ако си испратил деветтмина глупаци нешто да ти купат, ти си станал десеттиот. (Повеќе народи).

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion