Потребно време за читање: 3 минути

Banner-от е едно од основните средства на Интернет маркетингот, но тој не треба да се поистоветува со него.

Најважно за него e изгледот и местото каде што се наоѓа-каде што се прикажува.

Во врска со огласувањето воопшто, значи не само на Интернет, се воочува една сосема погрешна практика на фирмите која, се разбира, не дава соодветни резултати, можеби и никакви: од месец во месец да се објавуваат различни огласи, што укажува на настојување да се искористат повеќе идеи наеднаш. Забележан е и случај некои да немаат свој оригинален знак (логотип), па постојано се промовира нов.

Се разбира, решението се наметнува само по себе: концентрација на една идеја и нејзина реализација докрај, поточно до извршувањето на огласот на својата задача или цел. Она што е особено важно за другите-следните огласи, е тие да бидат препознатливи. Секој што го видел првиот оглас, ќе може да ги поврзе другите со фирмата односно со производот или услугата. Истото се однесува и на рекламирањето на производите: се преоѓа на друг по добро изрекламирање на еден.

Во Интернет огласувањето работите се слични, а единствена разлика е што наместо платен оглас се плаќа banner (на пример). Кои се неговите основни компоненти?

Прочитај и за ... >>  Аукција

Стручњаците обично велат дека banner-от е огледало на web сајтот. Од неговиот изглед, како и од информацијата испишана на него, корисникот одлучува дали ќе го посети или не. Како пример за одлична Интернет кампања се наведува онаа на Microsoft за Explorer 4.0, како и за FrontPage 98. Имено, со низа наградни игри и разни други бенефиции, Microsoft привлече голем број на корисници.

Добар banner треба да содржи:

-информација за бенефицијата која корисникот може да ја добие ако кликне на него. Доколку таа не постои, може да се организира наградна игра, при што се наведува барем главната награда, со што додатно се мотивира корисникот да дојде на сајтот. И двете (бенефицијата и наградната игра) се ставаат во прв план, а добро е и нивно комбинирање;

-кратка и јасна информација за она што се нуди. Се разбира, таа треба да биде поврзана со бенефицијата и/или наградната игра. Во една реченица се прикажува услугата односно производот и се истакнуваат најдобрите особини. Посебно треба да се истакне она што е понапредно од конкуренцијата (доколку го има);

-по можност некоја пократка анимација. Banner-от мора да го привлече вниманието на потенцијалниот клиент. Стручњаците (web дизајнерите) лесно ќе ја регулираат и големината на banner-от оти е важно тој да биде со што помала должина. Бидејќи повеќето посетители (90%) доаѓаат на web страницата само за да најдат одреден податок, при правењето на анимација (анимиран GIF) се става таа да се повторува повеќе пати, дури и неограничено. Со тоа banner-от и по детално прелистување на страницата ќе остане актуелен. Доколку тој не содржи анимација, треба да се води сметка текстот што ја содржи информацијата за бенефицијата и/или наградата да биде испишан со поголеми букви во сина боја и подвлечен (underline). Со ова корисникот ќе биде сигурен дека се работи за линк. А познато е дека во 90% browser-и линкот по default е во сина боја и подвлечен, а иста е ситуацијата и со сајтовите-корисникот се навикнал да кликнува на подвлечени зборови во сина боја;

Прочитај и за ... >>  Нема готови формули за успех, туку само добри поттикнувања

-копче или натпис Click. Ова е исклучително важно. Ако нема анимација, добро е барем Click да трепери или да се примени некој друг ефект. Корисникот добива информација дека со еден клик се стекнува со бенефиција или учествува во наградна игра;

-убаво е на banner-от да има и некоја сликичка-таа може да претставува додатна мотивација за кликнување;

-URL, односно web адресата на сајтот е добро да се стави на banner-от, особено ако адресата на web-от лесно се памети. Корисникот кој дошол на некоја страница во потрага по информација, прво ќе ја прочита бараната информација, а дури потоа ќе кликне. Доколку URL лесно се памети, тој ќе отиде на страницата за натамошни информации, но потоа ќе ја отчука web адресата на сајтот.

Интересно е и прашањето каде да се постави banner. Изборот на локацијата е дефинитивно полесен дел од работата. Но и тука постојат некои важни нешта: прво треба да се води сметка за целната група на корисници. На пример, ако производот односно услугата им е наменета на webmaster-ите, рекламирањето оди на специфични-специјализирани сајтови, а доколку им е наменета на сите може на кој било сајт со вести, на провајдерот, пребарувачот или некој друг што има добра посетеност.

Прочитај и за ... >>  Може ли да се продаде со незнаење?

Banner-от е главно средство на Интернет маркетингот, па како такво треба да се употребува до максимум. На нашиве Интернет простори работите почнаа да се придвижуваат (од „мртвата точка“), но се уште многу бавно. Иако Интернет рекламирањето е дефинитивно најевтино (во однос на другите медиуми), тоа и според обемот и според структурата-квалитетот е сѐ уште безначајно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here