Симболичкиот говор на годишните доба

0
14

Во уметничките дела тие се прикажани различно: пролетта како јагне, јаре, џбун, цветен венец; летото како змеј што рига пламен, сноп жито, срп; есента како зајак, гранка винова лоза, рог на изобилство преполн со овошје; зимата како дождалец, дива патка и др.

Метеоролозите ги дефинираат четирите годишни времиња во повеќе климатски области, а се разграничуваат според вредноста на нивните просечни температури на месечно ниво.

Секое годишно време трае три месеци. Според дефиницијата, трите најжешки се лето, најстудените зима, а просечните се пролет и есен.

Пролетта, започнува на различни датуми во различни региони. Во локациите од северната полутопка настанува за време на март, април и мај; летото во јуни, јули, август; есента во септември, октомври, ноември; а зимата во декември, јануари и февруари. Во јужната полутопка годишните времиња се спротивни- пролетта во септември, октомври и ноември.

Пролетта е умерено годишно доба, го означува преминот од зима во лето. Едногодишните разтенија цутат во пролет, а ова доба се означува како цветно, раѓачко-сераѓачко, како почеток на се живо- на животот.

Во грчката митологија пролетта му е посветена на Хермес, гласникот на боговите. Негов пандан во римската е Меркур.

Летото е најтопло годишно доба, кое на северната хемисфера трае од дел од јуни, цели јули и авуст и дел од септември. На јужната, пак, од дел на декември, цел јануари, февруари и дел на март.

Денот на почетокот на летото, т.е., долгодневницата или летниот солстициј, во северната хемисфера обично паѓа на 22. јуни, кога е денот најдолг, а ноќта најкратка. Во јужната хемисфера 22. декември се смета за почеток на летото.

Воопшто, летото е симбол за време за пократка работа и одмор односно празнување. Тоа е на грчкиот бог Аполон, богот на светлината и сонцето, на машката убавина, заштитник на поезијата и музиката. Особено е почитуван како бог на светлината, без која животот не би бил можен, а исто така и оти е бог на хармонијата и убавината кои го осмислуваат животот.

Есента на северната полутопка трае од дел од септември (од 23.), цел октомври, ноември и дел од декември  (до 21.), а на јужната дел од март, цел април, мај и дел од јуни.

На денот на почетокот на ова годишно доба, тн. рамнодневица која обичн почнува на 23. септември, денот и ноќта траат по 12 часа, па постапно по тој датум тие стануваат за една минута пократки од ноќта, а ноќите една минута подолго од денот. Постојат два периода во есента: рана есен, која трае од 23. септември до крајот на октомври (листопад- паѓање на лисјето), односно почетокот на ноември, а доцната есен трае од почетокот на ноември се до 21. декември.

Есента донесува берба на плодовите на повеќето трајни растенија, како што се јаболката, крушите, сливите, грозјето; исто така на повеќето листопадни стебла во текот на есента ќе отпадне сето лисје. Во текот на ова годишно доба животните кои спијат со зимски сон ќе го финализираат собирањето на масните наслаги и залихите на храна кои ќе им овозможат да ја преживеат зимата.

Есента е на грчкиот бог Диониз, богот на плодноста на земјата, вегетацијата, бербата, виното, жените, бог-бик. Тој е исто така познат како Бако и во грчката и во римската митологија, а познат е и под други имиња, на пример Јакус или Загреј.

Зимата настапува кога северната или јужната полутопка е најмалку изложена на Сончевите зраци, независно од оддалеченоста од Сонцето. На северната доаѓа кога Земјата е најблиску до Сонцето, а тогаш на јужната е жешко лето.

Според конвенцијата, зимата на северната Земјина полутопка трае од дел од декември, цел јануари, февруари и дел од март, а на јужната од дел од јуни, цел јули, авуст и дел од септември.

На денот на почетокот на ова годишно доба, тн. краткодневица (зимски солстициј) која обично паѓа околу 21. септември, ноќта е најдолга, а денот најкраток.

Во грчката митологија зимата е на богот Хефест, богот на огнот, заштитник на ковачите, вајарите, металурзите. Негов пандан во римската митологија е Вулкан.

За практична временска ориентација важни се измените на годишните доба, кои се во врска со положбата на Сонцето. Сонцето привидно ја обиколува еклиптиката за една тн. тропска година, која трае 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46,98 секунди. Бидејќи ниту таа не изнесува цел број на денови, граѓанската година морала со цел број на денови што подобро да се прилагоди на должината на тропската (сончев или соларен календар). Тоа е постигнато со менување на цел број на денови во граѓанската година според различни правила; оттука и разни календари.

Измената на годишните доба, како и месечевите мени, го изразува ритамот на животот, етапите на еден развоен циклус: раѓање, растење, зрелост, гаснење. Тоа е циклус кој вреди еднакво за човекот како битие, за заедниците и за цивилизацијата.

Измената на годишните доба е слика на митот за вечното враќање, ја симболизира непрестаната измена на животот и смртта.

(Извор: фото)

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion