Потребно време за читање: < 1 минута

Тој е близок на експресионизмот кој прекинува со ликовните конвенции, со дескрипцијата на видената стварност, со теоретизирањето, а инсистира на полна афирмација на индивидуалноста. Главен фактор е бојата, чиста, директно истисната од туба.

Фовизмот е една од главните појави во сликарството на Париз во првата деценија на 20. век, заедно со кубизмот. Главен претставник, водач на фовистичката група, бил Анри Матис.

Матис е француски сликар, графичар и вајар, роден на 31.12.1869. во Л’ Като, а умрел на 3.11.1954. година во Ница. Својот ликовен талент и творечки израз ги развива во атмосфера на постимпресионизмот, под влијание на Сезан и Гоген.

Како автентична ликовна појава, Матис се афирмира во 1905. година, со појавата на групата на фовисти, и станува нејзин најголем и најупорен прротагонист. Живеејќи претежно во јужна Франција, работи многу пејзажни мотиви, а во подоцнежната фаза минува на техника на колажот. Работи и ѕидни декорации, бакрописи, дрворези, литографии, ситна пластика, а меѓу другото илустрирал и дела од Шарл Бодлер, Стефан Маларме и Џемс Џојс.

Прочитај и за ... >>  Базилика

Во однос на неговото дело и неговите ставови за ликовниот израз, за уметноста воопшто, често се наведува една изјава што на извесен начин го изделува од другите фовисти:

„Јас сонувам за уметност на рамнотежата, чистотата и ведрината, ослободена од вознемирувачките и растажени содржини, за уметност која за секој умен работник, било да е деловен човек или писател, би можела да претставува некое смирувачко влијание, душевен утешувач, нешто како стол со наслон во кој се одмора од физичкиот умор“.

Најпознати дела на Анри Матис: „Мртва природа со златни рипки“, „Дама во сино“, „Синиот акт“ и др.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here