Шарпланинец

0
15

Запознавање:

Просечната височина на шарпланинецот му е од 56 до 62 сантиметра, а неговата просечна тежина од 35 до 100 килограми.

Тој е голем, силен и робусен пес. Пожелно е да биде што поголем. Изобилното крзно е составено од два слоја, а бојата најчесто варира во нијанси на сива, иако и други бои се дозволени (на пример, белата, боја на мед итн.). Ушите му се тријаглести и налегнуваат врз главата. Опашот е мускулест и се свиткува на врвот.

Шарпланинецот има мошне интересен и привлечен темперамент. Тој е исклучителен чувар, што е дел од неговиот инстинкт. Овој пес му е лојален на семејството во кое живее. Недоверлив е спрема странци. Со векови е користен како заштитник на стадо.

Врз основа на историските податоци, се верува дека претците на шарпланинецот потекнуваат од молосот на древниот Тибет, од стрмините на Хималаите. Од оваа географска територија, молосите тргнале во бескрајни патувања следејќи ги своите господари. Шарпланинецот стасал на Балканот со легиите на Александар Македонски, каде што и се задржал. Името го добил според планината каде што е најмногу одгледуван. Првпат е прикажан во Љубљана, во 1926. година.

Тој е мошне интелигентен пес. Способен е самостојно да донесува исправни одлуки, што често му е неправедно забележувано како тврдоглавост. Од оваа раса не треба да се очекува бесконечно и беспоговорно извршување на команди-шарпланинецот ќе ја изврши командата тогаш кога самиот ќе процени дека е тоа потребно, но ако види дека командата е само производ на доминација а не на стварна потреба тогаш ќе ја игнорира. Мошне е лојален спрема семејството во кое живее и точно го препознава и почитува хиерархискиот редослед. Бара коректен и доследен однос на кој возвраќа со голема приврзаност и љубов.

Возрасните единки поради својата голема снага и храброст единствено можат да се контролираат ако се исправно воспитани и социјализирани. Нерадо прифаќаат странци  и се недоверливи спрема нив, што ги прави одлични кучиња чувари. Исто така се способни да ги препознаваат сите вонредни ситуации и да им ги сигнализира на домашните луѓе.

Шарпланинецот лошо поднесува горештина и во такви прилики треба да му се овозможи да се повлече во ладовина. Студ поднесува одлично и тој е всушност неговиот природен амбиент. Сака слободно да се движи по имотот што го чува, па затоа не е пес кој ќе биде задоволен во стан или во бокс. Спрема децата е мошне нежен и ќе им допушти многу, иако е свесен за својата предност во физичката сила.

Во периодот на развојот на кученце (се до околу 12-15 месеци) е потребно да се води строго сметка исхраната да биде избалансирана и да изобилува со сите материи кои му се потребни за инаку бурниот развој. Во тој период исто така треба да се штеди од силни напори и да му се пружи што повеќе игра и одмор за максимално да се развие во физичка и емотивна смисла. Како и сите крупни раси на кучиња, доцна созрева, така што дури на 2 години е сосема формиран.

Сите пропусти што ќе се направат, а особено во однос на воспитувањето, мошне тешко се отстрануваат, а на вложената љубов и трпение возвраќа со безгранична верност.

За работата чувар не е потребно да се обучува оти тоа шарпланинецот го носи во гените. Интуитивно препознава опасност и, свесен за својата физичка сила, бескомпромисно и се спротивставува. На својата територија не трпи неканети гости. Со својата појава и држење главно одвраќа странци, а ако тоа не е доволно тогаш со силовит напад, на кој му претходи предупредување, ја брани својата територија.

Мошне е благороден, но таа своја особина ја крие од странците додека на домашните лица радосно им ја демонстрира. Чувствителен е и низ однесувањето комуницира со нив. Има доминантен карактер, но ја прифаќа доминацијата на домашните, па поради тоа е мошне битно исправно да се воспитува од раната младост и да не му се попушта.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion