New York Niagara Falls Canada Waterfalls River
Потребно време за читање: 2 минути

Нијагара нема свои извори, ниту потоци кои ја хранат. Таа е природен канал кој спојува две големи езера-Ери и Онтарио, на самата граница помеѓу САД и Канада. Езерата се дел од системот на големи езера, во кои спаѓаат уште и Супериор, Харон и Мичиген.

Географскиот речник вели: река е постојан тек кој тече низ речна долина, а го хранат извори или потоци кои доаѓаат од различни краишта и донесуваат вода во текот на целата година. Под влијание на гравитацијата, реката Нијагара тече во корито што самата го влдабила на површината на земјата.

Големото количество вода што го создава системот ги одредува животните услови во нејзиното подрачјето. Влагата која испарува од езерата дејствува како природен фактор на регулација на климата: во текот на летото го спречува настанувањето на облаци, а во текот на зимата тоа подрачје е потопло од останатиот дел на Северна Америка.

Формирањето на регионот на Нијагара започнало пред околу 445 милиони години, а геолошки е мошне интересно.

Прочитај и за ... >>  Претстои забрзана колонизација на вселената

Имено, ерозивните и останатите процеси создале два слоја: помек и потврд. Поради дејствувањето на водата и ветрот, помекиот слој прв исчезнува, а горниот, потврдиот, останува без потпирка. Кога и тој, поради својата тежина, ќе се урне, целиот процес започнува одново.

Последица на тоа е поместување на водопадите. Пред 10.000 години тие на Нијагара биле 11 километри поблиску до езерото Онтарио. Со други зборови, водопадите „патуваат“ со брзина од околу еден метар за една година!

Нијагара е долга 59 километри.

Нејзиното првобитно име гласело Onyakarra, а потоа е променето во Nijhgarrah (водена грмотевица).

Брзината на водата на врвот на Коњско копито (канадскиот дел од водопадите на Нијагара) изнесува 32 км/ч. Висината на Коњско копито изнесува 53 метри, длабочината на водата во базата на водопадите е 56 метри, а должината на врвот дури 670 метри.

Американските водопади (познати под името Rainbow falls) се високи 56 метри, а нивната должина 326 метри.

На Нијагара денес е развиен туризмот, но таа е првенствено огромен извор на хидроенергија што ја користат САД и Канада.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here