Потребно време за читање: 2 минути

Се чини, во нашево време сѐ повеќе. Можеби, кога е маркетингот во прашање, поважен е и од самата содржина (?!).

Согледувајќи го неговото значење, британското списание Bookseller секоја година објавува попис на „Најнеобични наслови на книги“, а авторот на најоригиналниот или најбизарниот наслов, по гласањето на читателите, се наградува со шише шампанско.

Наградата за првпат е доделена во 1978. година, а ја доби книгата со наслов „Записи од втората меѓународна работилница за голи глувци“.

По повод прославата на 30-годишнината на наградата е избрана книга со најбизарен наслов во изминатите три децении. Во неизвесна завршница победи насловот „Грчките селски поштари и бројот на нивниот повик“.

Некои велат дека со вакви наслови книгите нема потреба да се прочитаат!

„Со доделувањето на оваа награда продолжуваме да ги следиме бизарните, чудните или само необичните наслови на книги. Фантазијата на авторите на литературната разноликост и натаму цути”, изјави заменикот на главниот уредник на Bookseller, Џоел Рикет.

Прочитај и за ... >>  Бизарни обично-необични случки

Пописот се прави врз основа на наслови на книги кои се издадени ширум светот.

Името на победникот се објавува на страниците на списанието во април, во пресрет на почетокот на одржувањето на Лондонскиот саем на книгата.

Мал список на најбизарни наслови:

„Забарски постапки за луѓе со пореметено спиење“, „Контролирање на убиственото однесување во автономните роботи“, „Сеќавања на ловец на црви“, „Насекаде оставена количка за шопинг во источна Северна Америка: Водич за снаоѓање во простор околу шопинг центрите“, „Тетовирани жени од планиското подрачје и дагестански кутии со прибор за јадење“, „За луѓето кои сѐ уште не знаат дека се мртви: На кој начин се врзуваат за невини пасивни посматрачи и што да се преземе во врска со тој проблем“, „Диетална готвачка за луѓе кои пијат“, „Како да се шилат моливите“, „Сѐ што знам за жените научив од својот трактор“, „Како да се готват мажите“, „Питографија: Каде питата ја среќава биографијата“, „Потекло на фекалите“, „Џими го млати својот петел“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here