Потребно време за читање: 2 минути

Кендо е вештина на ракување со меч, односно мечување според правила создадени во Јапонија. Жителите на Земјата на изгрејсонцето од дамнина се вешти во мечување, но со настанувањето на војничката класа во 12. век се поголем број лица се обучувани во мечување.

Кендо се смета за уметност на мечувањето, а неговите ученици се викаат Кендоки. Оваа вештина е популарна во целиот свет, а борбите се одвиваат со shinai или мечеви од бамбус и заштитен оклоп. Денес кендо по малку губи од идентитетот на боречка вештина која некогаш ја практикувале исклучиво самураите.

Во текот на вежбањето со вистински мечови, како што било на почетокот, често се случувале и смртни случаи, а и сериозни повреди, па поради тоа од 1710. година се повеќе се употребуваат мечови изработени од бамбусова трска.

Кендо или „патот на мечот“ е еден од неколкуте форми на јапонско мечување. Во светот има околу 9 милиони луѓе кои го тренираат, а од нив 7 милиони во Јапонија, кај што е редовен предмет во училиштата.

Прочитај и за ... >>  Од историјата на ракометот

Кендоки (луѓе кои се занимаваат со кендо) носат заштитна опрема која ги штити главата, грлото, стомакот и абдоменот и рацете, а тие делови се единствените дозволени бодовни зони.

Опремата за кендо е составена од: меч од бамбусова трска, штитник за градниот кош, маска за глава и тешки ракавици.

Се користи четириделен бамбусов меч shinai кој се држи со двете раце, иако постојат кендоки кои во обете раце држат по еден.

Кендоките се движат со специфичен лизгачки чекор по мазен под на сала за тренирање, наречен dojo.

Кендо главно се тренира во парови, но на почетокот, додека не се совладаат основните техники и ставови, се тренира без партнер и заштитна опрема. Подоцна се преминува на работа со опрема која им овозможува на борците во целост да се препуштат на тренингот и да работат со полна брзина и сила.

Според правилата, победник е лицето кое во текот на натпреварот прво ќе освои два бода. Бодовите се освојуваат со правилно изведени удари во бодовни зони- за удари се врвот на главата и слабините, додека вратот е бодовна зона за убоди. За да се признае бод треба едновремено мечувалецот да извикне „qiai“.

Прочитај и за ... >>  Фудбалерите и интелигенцијата

Освен вежбањето на кендо во оклопи, мошне важен дел од вештината се кати, односно сет на врзани форми кои двата партнера ги прават со дрвени (bokeni) или челични мечеви.

Кендо е вештина на мечување, т.е. вештина на ракување со катан- јапонски лесен пешадиски меч; не содржи други елементи, како што е борба без оружје или самоодбрана, иако во кендо спаѓа и борба со два меча, како и со naginat- оружје во форма на копје со закривен врв.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here