Исхрана и вежби според емоциите

0
13
Artistic Concept Beauty Fashion Diet Face Adult

Современата психологија ги дели човечките емоции, слично како Хипократ луѓето пред 2.500 години, на четири категории-на среќа, тага, лутина и тегобност.

Интересно прашање со стручен одговор: како исхраната влијае врз настанувањето на емоциите и кои вежби се препорачуваат според нив?

Во лутина нашиот организам зголемено го лачи хормонот норадреналин и поради тоа со храна на база на млеко и млечни производи, како што се кефир, јогурт и сирење, влијаеме врз „гаснењето“ на таа емоција.

Имено, во мозокот со ваква исхрана се потпомага синтезата на инхибициските супстанции- материи кои дејствуваат врз запирањто на мозочните активности, а што доведува до смирување. Слично дејствуваат и лековите од групата на анксиолитици што ги нарекуваме бензодијазепини.

При тага се препорачува храна која може да го поттикне настанувањето на серотонинот во мозокот, а тоа се житариците, маснотиите и слатките. Тие можат да се наречат и „тагофилни“ продукти зашто по нив се посегнува во состојби на тага, често и инстинктивно, а притоа не сме ни свесни дека своето тажно расположение го лечиме со земање на слатки.

Бидејќи слатките и маснотиите се високоенергетски продукти, треба да се земаат во мали количества. Може да се каже дека треба да им се даде „зачински“ начин на употреба зашто тие во мали количества му даваат среќа на животот, а и одличен вкус на јадењето и никако не треба од нив да се одрекнеме.

На прво место треба сепак да се стават житариците и производите од цело зрно зашто ваквите продукти подолго му обезбедуваат ситост на нашиот организам, додека конзумацијата на концентрирани јаглени хидрати, како што се слатките и колачите, исто ќе не доведат до позитивни чувства но ќе траат мошне кратко. Тоа не доведува во искушение да земеме нов колач, а така мошне лесно губиме контрола над калорискиот внес што ќе резултира со дебелеење.

Во состојби на тегобност или безволност се препорачуваат риба и месо. Овде треба да се даде предност на белото место, како што се мисиркиното и пилешкото, а добар избор се и јагнешкото и телешкото бидејќи овие продукти, освен што ја намалуваат тегобноста, имаат особина да го креваат расположението.

На врвот на продуктите за отстранување на безволноста е рибата зашто таа, освен ефектот на враќање на позитивните емоции, има и дејство врз зачувување на протокот на мозокот благодарение на моќните омега 3 масни киселини.

Кога сме радосни се препорачуваат овошје и зеленчук. Со други зборови, во најпожелното чувство треба да се јадат најздрави продукти.

Што се однесува на изборот на вежбите, треба да се има предвид дека тој мора да се врши според преовладувачкото чувствување, а поради поттикнување и создавање на одредени емоции. На пример, кога е некој лут мозокот му е преполн со норадреналин, а телото со негативна енергија поради што чувствува сила на бес. Вистинско место за трошење на вака натрупаната негативна енергија е теретаната, потоа брзото одење по угорница, возење на велосипед по угорница или одење по скалила. На овој начин се спречува лутината да мине во стрес и да стане автодеструктивна.

Од друга страна, на тегобната и безволната личност не и се потребни тешки телесни напори, туку е доволна прошетка или рекреативно возење на велосипед. Може да се избере и теретана, но без напорни вежби. Важно е постапно и полека да се поттикне настанување на енергија во организмот и на тој начин да се елиминира безволноста.

Тагата е емоција за чија елиминација можат да се изберат истоветни вежби како и кога е присутно чувството на тегобност. Меѓутоа, овде на почетокот мора да се тргне малку поенергично, зашто тагата е помалку негативна од тегобноста. Аеробикот е вистинскиот избор, зашто мозокот и телото мошне брзо се полнат со кислород, што обезбедува полна сила. Вежбите на свеж воздух предтставуваат сигурен пат кон среќата.

Еве и предлог за дневен ритам:

1. При рано будење е присутна „физиолошка лутина на нашиот дух“, поради што треба во организмот да се внесат млечни производи. Ако е лицето во целост ненаспано, на млечните производи треба да им се додадат јаглени хидрати, односно житарици во млеко, јогурт или кефир

2.Со приближувањето на пладнето утринската лутина и го отстапува местото на претпладневната доминација на тагата. За таа да се потисне, поради зголемување на концетрацијата на серотонинот во мозокот, во организмот треба да се внесуваат продукти богати со јаглени хидрати. Тоа се сите производи од житарици, ориз, компир, мешунки. Овие високо вредни енергетски продукти, внесени помеѓу 11 и 15 часот, претставуваат совршена храна за мозокот.

3.Во попладневните часови човечкиот дух запаѓа во некој вид на тегобност и безволност, поради што на организмот му е потребен протеински оброк. Доцниот попладневен оброк или вечера треба да содржи продукти кои го поттикнуваат создавањето на серотонин, благодарение на кој ќе се поправи расположението и ќе се елиминира тегобноста. Рибата и белото мисиркино или пилешко месо, како и телешко и јагнешко, претставуваат продукти на изборот.

4. Во доцните попладневни часови, кога навасува уморот, предност треба да му се даде на црвеното месо кое има изразито адреналинско својство, односно дава енергија и ја враќа волјата. Навечер, пак, исклучиво зеленчук, зашто со доаѓањето на вечерта преовладува чувството на среќа, а на мозокот не му се потребни продукти за создавање на енергија. Тогаш се потребни само витамини и минерали од овошје и зеленчук.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion