Еколошка заштита од комарци

0
63

Постојат голем број фабрички средства за растерување на комарци кои на кожата оставаат слој лепливи хемикалии. Многу е подобро, поздраво, па и поефикасно ако од комарците се заштите со природни. Најпознато е маслото од цитронела, но тоа е само едно од многуте. Кои од нив комарците најмалку сакаат?

За почеток, ослободете се од извор на стојана вода, каде што женките на комарецот несат јајца. Чиничињата со вода за домашни миленици треба да се освежуваат неколку пати неделно.

Комарците се најактивни в зора и во самрак, па ако сакате да ја намалите веројатноста од средба со нив немојте да бидете на отворено половина час пред зора и половина час по самрак.

Знајте дека ги привлекува темна облека, па облекувајте се во светли бои кога излегувате од дома. И цветните парфеми, дезодоранси и сапуни ги мамат комарците, па немојте да ги носите во текот на нивната сезона.

Исто како и вампирите, и тие не го поднесуваат мирисот на лукот. Исечете резен лук на половина и премачкајте ја кожата со разрезената страна. Втор метод вклучува подготовка на сок од лук. Ставете напрсток сок во мала шолја вода, промешајте и со смесата испрскајте ја кожата или облеката.

Меѓутоа, многумина како комарците не го сакаат мирисот на лукот. Постојат растенија кои на луѓето им мирисаат многу поубаво, а се мошне ефикасни: лаванда, рузмарин, жалфија, цимет, нане ментолка, мачкино нане, невен и трева на цитронела. На пример, додека правите скара положете жалфија и рузмарин на вжарениот јаглен. Испарувањето на тие растенија исто така ќе создаде непријатна околина за комарците.

Освен лавандата (Lavandula officinalis), помалку позната е Tulbaghia violacea, лучница која шири интензивен мирис. Достигнува до 70-тина сантиметри височина и еднакво добро успева на море и во континентални предели, во гредички и садови, но нема да биде најсреќна во сенка. Цути спорадично од средината на пролетта се до доцна есен. Лиснатиот дел од растението е во зелена до сивкасто- зелена боја и е полулистопадно, во зависност од климатските прилики. Во континентални услови толерира умерен мраз и во текот на дормацијата задржува нешто помалку лисна маса. На лисјето во развој му треба нешто повеќе влага и многу сонце, па е задолжителна заштита од силни дождови и ветришта, додека во време на цутење е потребно да се намали залевањето. Се размножува едноставно, како и сите лучници- во време на дормација (крај на зимата) едноставно се оттргнува една лучница и се преместува на саканото место.

Нането има мирис сличен на цитронелата. Нему повеќе му одговараат песочни почви. Се користи за лечење на настинка и грип, а има и природни антифунгицидни и антибактериски својства, зашто во есенцијалните масла има висок удел на тимол.

Рузмаринот е одлично растение што го користиме како зачин, но е извонредно средство за одбивање на комарци. Всушност, со векови се користи против комарци. Тој е изворно медитеранско растение кое сака топло и суво време и земја која не задржува вода. Во постудена клима мора да се одгледува во тегла. Ако рузмаринот не ви успева, купете добро есенцијално масло од рузмарин и помешајте 4 капки со 1 шолјичка маслиново масло. Оваа смеса треба да се држи на студено и суво место.

Градинарите го користеле кадифето како растение кое од соседните ќе бегаат подалеку лисните вошки. Ниту на комарците не му се допаѓа неговиот мирис (а и на некои луѓе). Кадифето е едногодишно растение кое сака сонце и може да се набави во разни големини и форми, така што се вклопува во речиси секој двор. Мошне лесно се одгледува од семе.

Агератумот е шармантно растение кое содржи кумарин, чиј мирис комарците не го поднесуваат. Се користи во производството на парфеми, па дури и како состојка на производи против комарци. Сепак, немојте да триете лист на агератум врз кожата, зашто се состои и од некои помалку посакувани елементи. Агератумот е годишно растение, а цветовите му се сини или бели.

Мачкиното нане е едно од најсилните средства за одбивање на комарци. Едно истражување покажа дека е 10 пати поефикасно од DEET. Тоа е трајно растение со краток животен век, кое лесно се одгледува од семе, но и брзо дава семе. Освен ефектот што го има врз мачката, од листовите може да се направи извонреден чај за смирување.

Невенот (Calendula officinalis), познато растение со јарко жолти цветови, исто така дејствува како средство против комарци.

Цитронелата и гераниумот се најпознати растенија во борбата против комарците. Дури и со генетски инженериг е создадено растение од семејството на гераниуми со својства на цитронела. Цитронелата расте само во тропски краишта.

Следното растение познато како средство против комарци е agastache cana, познато уште под називотhyssop. Тоа е растение од семејството мента, а кога ќе го згмечите листот остава лута арома. Цути на крајот од летото и на почетокот од есента, а цветовите му се розови.

Есенцијалните масла на лимун, еукалиптус и цимет шират мирис кој комарците го сметаат за ужасен. Бидејќи на повеќето луѓе тие мириси не им пречат, ставајте на кожата или облеката две- три капки од тие мириси секој ден. Уште поефикасна смеса е составена од овие масла и маслиново масло, како и исечкан магдонос помешан со јаболков оцет.

Постои едно тропско растение, познато под името катамбра(Catambra), кое е во состојба на сосема природен начин да ги оддалечи комарците од вас. Тоа е растение со тркалест џбун. Содржи „каталпола“, супстанца во 4 пати поголема концентрација од сите познати видови растенија против комарци. Посебно е ефикасно во оддалечување на оние инсекти што летаат ноќе, вклчучувајќи го и тигрестиот комарец кој е мошне отпорен на запрашување.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion