Ден и ноќ

0
1206

Сигурно ја знаете должината на земјиниот ден: 24 часа, а ги вклучува денот и ноќта. Имено, на Земјата ѝ се потребни еднаш да се сврти околу својата оска. Во времето додека едната половина од неа е свртена кон Сонцето (и на неа е ден), втората половина е свртена од Сонцето (на неа е ноќ).

Вртењето на Земјата е причина поради која ни се чини дека Сонцето „излегува“ на исток, а „заоѓа“ на запад. Иако ни изгледа дека Сонцето се движи, всушност Земјата се поместува и се врти.

Причината поради која не го чувствуваме вртењето и поместувањето на Земјата е нејзината големина.

Денот се состои од 14 дела. И тоа: зора, утрински самрак, излегување на сонцето, утро, претпладне, пладне, попладне, вечер, заоѓање на сонцето, вечерен самрак, мрак, ноќ и полноќ.

Реклама

Зората се однесува на самракот пред изгрејсонце. Сончевата светлина е слаба, а Сонцето е сè уште зад хоризонтот. Постојат: астрономска зора (моментот кога небото повеќе не е целосно темно; време кога сонцето е 18 степени зад хоризонтот во утрото), морнарска зора (времето кога нема доволно сончева светлина за да бидат доволно видливи хоризонтот и некои предмети; сонцето е 12 степени зад хоризонтот во утрото); потоа граѓанска зора (кога има доволно светлина за предметите да бидат доволно видливи, па луѓето и другите живи организми можат да започнат со надворешните активности; сонцето е 6 степени зад хоризонтот во утрото).

Зората  е различна од изгрејсонцето-тоа е моментот кога неговиот  преден раб се појавува над самиот хоризонт.

Утринскиот и вечерниот самрак е време помеѓу зората и излегувањето на Сонцето и време помеѓу заоѓањето на Сонцето и ноќта. Тогаш сончевата светлина се распрснува во горните слоеви на атмосферата и притоа ги осветлува нејзините пониски делови, а што доведува до тоа Земјата да не биде целосно осветлена со сончева светлина, ниту е целосно во мрак.

Должината на самракот од екваторот спрема половите се менува во текот на годината. Во северните краишта тој и зората се спојуваат, па затоа и нема целосна темнина на летната ноќ (бели ноќи). Во тоа време Сонцето не може да се види зашто се наоѓа под хоризонтот.

Поради необичното осветлување и романтичниот амбиент во тоа време, самракот е популарен помеѓу фотографите и сликарите кои уште го нарекуваат и „син часовник“ или „слатка светлина“, и тоа поради изразот во францускиот јазик „l’heure bleue“. Постојат три вида на самраци: граѓански, наутички и астрономски.

Утрото е дел од денот од излегувањето на сонцето до претпладне, иако границата често не е јасно одредена. Во секоја географска зона, климатски појас и во секое годишно доба тоа го карактеризираат различни параметри, како што се температурата, влажноста на воздухот, притисокот.

Именките „претпладне“ и „попладне“ го означуваат времето од денот пред 12.00 часот и по 12.,00 часот.  Вообичаено, претпладне се нарекува периодот од зората до пладне, а попладне од пладне до вечер- квечерина (18.00 часот).

Во врска со нив е интересен илевенсез (англ. elevenses), познат во Обединетото кралство и Комонвелтот. Станува збор за ужина слична на попладневниот час, која се јаде претпладне. Овој оброк е помалку пикантен од бранчот (brunch) и обично се состои од колач или бисквити со шолја чај или кафе. Во Австралија овој оброк се нарекува утрински чај (morning tea). Името на оброкот се однесува на времето од денот кога се јаде- околу 11 ч. претпладне.

Пладнето е момент кога средиштето на Сонцето минува низ меридијанот на местото (право пладне). Преминот на „средното“ Сонце низ средноевропскиот меридијан, т.е. посебното време на премин на средиштетот на Сонцето во текот на годината се нарекува граѓанско пладне.

Полноќта настанува 12 часа по граѓанското пладне, кога Сонцето вторпат минува низ истиот меридијански круг. Од тој момент се бројат часовите на граѓанскиот ден.

Ноќта е време помеѓу заоѓањето и излегувањето на Сонцето кое во текот на годината, поради наклонот на Земјината оска спрема рамнината на Земјината патека не трае еднакво. На средните географски широчини траењето на ноќта се менува од 8 часот и 25 минути на 22. јуни, до 15 часот и 12 минути на 22. декември.

Должината на ноќта се менува и поради наклонот на небеската оска спрема хоризонтот. На екваторот цела година денот е еднаков на ноќта, а на половите половина година е ден и половина ноќ.

Полноќта е средина на ноќта. Во астрономијата се дефинира како врерме кое настанува 12 часа по пладнето. Иако моментот на полноќта  се одредува на тој начин, часовите од „граѓанскиот ден“ се бројат од неа.