Човекот е најголема опасност за Земјата, па треба да се уништи (самиот)!

0
17

Ниту најновите сознанија-откритија и предупредувања нема битно да го променат односот на богатите земји спрема очигледното свесно уништување на „заедничкиот дом“-планетата Земја:

Марика Холанд, од американскиот Национален центар за истражување на атмосферата, по добиените резултати од едно истражување изјави дека зголемувањето на глобалното затоплување се случува толку изненадувачки брзо што сме веќе сведоци на исчезнување на мразот во морето на Северниот пол. Тој во 2040. (значи остануваат само уште 20 години!) би можел да остане без мраз.

Старо-ново сознание: климатските промени најмногу ги предизвикува согорувањето на фосилните горива што се трупаат во атмосферата.

А голаблното затоплување идниректно (па и директно), на подолг рок, уште повеќе го усложнуваат проблемот со преживувањето на сиот жив свет на Земјата. Имено, забрзувањето на климатските промени ја намалуваат количината на храна за морските организми со што се загрозени растителните планктони кои живеат на површинските слолеви на океаните.

Експертите од Државниот универзитет во Орегон и од НАСА уште еднаш, по којзнае кој пат предупредија дека, освен тоа што претставува основа на морскиот прехранбен синџир, фитопланктонот секој ден од атмосферата апсорбира повеќе од 100 милиони тони јаглероден двооксид. Глобалното затоплување доведува до зголемување на температурата на површинскиот слој на океаните, па тој станува полесен и се издвојува од студените длабински слоеви на водата, од кои фитопланктонот добива повеќе хранливи материи. Бројот се намалува, па поради тоа доаѓа не само до намалување на количината на храна во океаните, туку и до зголемување на количината на јаглероден диоксид.

И едно важно откритие, поточно предупредување, а по кое и натаму сѐ си останува на „баш ми е гајле“ и „Кому? Никому ништо!“:

2006. година беше најтопла од 1850., од кога се прават мерења. Помеѓу последните 12 години, 10 се во врвот на „топ-листата“ според висината на просечната температура.

Уште во 2001. година, на Меѓувладиниот панел за климатски промени при ОН (ИПЦЦ), беше укажано дека глобалното затоплување во последниве 50 години настапило поради активностите на човечката популација. Според британски научници, поради потрошувачката на фосилни горива во електраните, фабриките и возилата, концентрацијата на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина е трипати поголема од пред индустриската револуција.

Според Светската метеоролошка организација, концентрацијата на јаглероден диоксид, најважниот гас со ефект на стаклена градина, од 1750. до денес е зголемена од 280 милиграми на килограм, на 379. Во текот на 20. век температурата на Земјата е зголемена за 0,6 степени Целзиусови, а до крајот на овој се очекува да се сголеми за уште 1,4 до 5,8 степени. Тоа ќе значи и највисока температура на Земјата во последните 10.000 години. Последиците?

Она што го гледаме со голо око и денес (утре многу повеќе и почесто, речиси секојдневно): поплави, ерозија, создавање на нови пустини покрај постојните, изумирање на многу растителни и животински видови.

Нивото на морето во овој 21. век најверојатно ќе се зголеми за 9 до 88 сантиметри, а тоа ќе предизвика поплави на крајбрежниот појас под таа висина.

Некои научници како сѐ уште свесно да се залажуваат (всушност, освен наивните и недоволно стручните, тоа се од оние добро (пот)платените), па тврдат дека оценките се претерани. Притоа ги истакнуваат „позитивните страни“, корисните нешта од климатските промени. На пример, продолжувањето на вегетативната сезона. Значи, добро би било да си продолжиме по свое: уште повеќе да ги користиме нашите автомобили (ако може од дома до ВЦ би било супер, нели; се разбира, со негово претходно дислоцирање од домот во околниот вегетативен свет), да се продолжи поинтензивно изградбата на термоелектрани (за поголемо користење на фосилни горива) оти и онака се повеќе (ќе) имаме проблеми со недостиг на електрична енергија), а развиениот свет да престане да му ги продава на сиромашниот фабриките од тн. „валкана технологија“, бидејќи и тие придонесуваат за „продолжувањето на вегетативната сезона“ (секако не би било в ред тоа продолжување да го нема и да не го чувствува и тој).

Кој е виновен за опасното забрзување на уништувањето на „мајката Земја“ (чија „мајка“, а чија „маќеа“)? Сите ние? Да, ама сепак не. Најмногу властите односно владите, и тоа пред се (но не само) оние во развиените држави.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion