10 митови за бракот

0
15

За брачниот живот слушате- читате сѐ и сешто, во последно време повеќе негативно одошто позитивно. Да, бракот како институција е во криза, поточно во еден динамичен процес на видоизменување-трансформација, со поинаква смисла и значење од порано.

Меѓутоа, постојат некои нешта што можат да се наречат митови, нешта кои ниту биле во минатото, ниту се точни денес. Тоа доаѓа пред сѐ од идеализацијата на бракот, неговата глорификација, а наспроти „суровата“ реалност.

Еве 10 класични митови за бракот, придружени со стручни совети за тоа како да се „дотурка“ до златна годишнина:

1. Бракот ги менува луѓето
Ако барем малку сте го запознале партнерот/сте ја запознале партнерката пред да се „забрачите“, тогаш нема сомнение дека некои покрупни промени нема да излезат на „виделина“. Се разбира, тоа не значи дека луѓето никогаш не се менуваат. Но ако се случи тоа, за тоа никогаш не се одговорни други.

Значи, ако некој има мошне опасни навики, како опијанување, комар или неверства, вардете се зашто колку да сте добри со него/со неа, нема да можете да го/да ја промените.

Доколку лошите навики се вистински „ситници“, како неспуштање на штицата на wc шолјата или оставање на валкани чорапи на подот, морате да се помирите со тоа дека не можете некого одново да го учите како треба да се однесува во својот дом. Голема е веројатноста дека со мрморењето ќе го/ ќе ја нанервирате, па судирот околу наизглед обична работа може без каква било потреба да се зголеми.

Со време треба да ги прифатите навиките на партнерот/ партнерката и да разговарате кои од нив можат, а кои не можат да се променат.

2. Кога ќе влезете во брак, сте завршиле со развојот
Еволуирањето на вашата личност е доживотен процес. Ставот дека со влегувањето во брак сте завршиле со развојот е ист како и оној дека со дипломирањето на факултет сте завршиле со учењето. Поради тоа можете да се опирате на сопствениот развој, што е исклучително опасно за „здравјето“ на вашиот брак.

На пример, можеби ќе почнете да избегнувате или да учите работи од страв дека толку ќе се промените што повеќе не ќе го сакате својот брачен партнер.

Всушност, вие со учењето и иновациите го збогатувате вашиот брак, особено ако во него внесете нови идеи и возбуда што потоа ја споделувате.

Би било најдобро заедно да експериментирате во нешто што ќе ви се допаѓа на обајцата-одете на часови за готвење или салса, одете на кампување или зачленете се во некој литературен круг.

3.Паровите мораат да имаат исти интересирања
Многумина веруваат дека ако едниот партнер има некое хоби или занимација и другиот мора да учествува во тоа. Тоа може да биде мошне убаво, но може да создаде преголем притисок за прилагодување на начинот на живот на партнерот.

Нема правило кое налага цел ден да морате да минувате со него. Здраво е да имате издвоени активности и пријатели, а еден на друг да му се враќате опуштени и задоволни.

4. Мажот мора да биде најдобриот пријател
Колку љубовни песни ја истакнуваат идејата дека партнерите мора да си бидат се еден на друг? Проблемот е во тоа што никој не може да биде тоа.

Иако вашиот партнер треба да биде „лицето број еден“ во вашиот живот, вие морате да продолжите да ги негувате вашите пријателства со други луѓе. И тој ќе има корист од таквото поставување на работите- одвреме навреме и самиот ќе ужива во друштво на своите пријатели.

5.Сексот во бракот е здодевен
Тоа е еден од оние митови што ги спречуваат паровите во врска да застанат пред олтарот. Тие грешат размислувајќи дека сексот мора да биде „див“ и „нов“ за да биде страстен.

Во стварноста сексот во бракот може да биде уште пострастен. Кога некој ви е толку близок за да можете да си дозволите да станете сосема отворени, се чувствувате послободно, помалку фрустрирано и сигурно, што може да води кон подобра сексуална приврзаност.

Исто така е вистина дека големата физичка страст со време избледува, но таа поврзаност останува и расте во слатките „огномети“ на кои секогаш можете да сметате.

6. Куќните работи треба да се делат рамномерно
Фер поделбата на обврските дејствува речиси модерно. Особено ако обајцата работите, нема причина жената да се грижи сама за чистењето и готвењето, додека мажот да се „жртвува“ така што еднаш месечно ќе заврти сијалица.

Меѓутоа, рамномерната поделба е сосема непрактична, зашто порано или подоцна ќе почнете да си „мерите“ еден на друг кој колку и што направил, а тоа ќе резултира со кавга.

Можеби постојат задачи кои некој убедливо подобро ги извршува, а поради „распоредот“ што ќе го воведете под паролата за рамноправност да останат недовршени или лошо извршени.

Најдобро е да се држите на балансот и поделбата да ја правите според преференциите.

7. Децата ќе ве зближат
Тешко е и да се поверува дека е такво нешто можно, особено ако детето сте го сакале обајцата. Вистина е дека тешката работа, авантурата и уживањето во подигањето на деца можат или да ве зближат или да ве разделат.

Ако сте обајцата на иста „родителска“ страна, можно е детето да ве зближи посредно. Затоа трудете се секогаш да дискутирате за вашите родителски цели, стратегиите на воспоставување на дисциплина и за секојдневните грижи кои можат да ја нарушат вашата заедница.

8. Ако се карате, ви се ближи развод
Точно е дека ако не успевате да ги решите главните проблеми и непрестано доаѓате во судир поради исти работи, вашата врска е можеби на лош пат.

Сепак, отсуството на кавга е можеби подобар индикатор на можен развод, зашто можеби некој од вас нема намера да го спасува бракот и нема волја да ги решава проблемите.

Ако имате недоумици, почнете да разговарате! Правете го тоа на цивилизиран начин и без намера да го повредите партнерот. Направете „правила на карање“ и ќе видите дека понекогаш е многу подобро да имате точки на разијдување во мислењата.

9. Родителите на партнерот ви се непријатели
Ако верувате дека ќе се судрите со родителите на парнерот, тоа најверојатно и ќе се случи. Запомнете дека и тие и вие сакате едно лице и врз основа на таа љубов морате да се потрудите да функционирате и да не се сметате едни на други непријатели.

Обидете се да се ставите во нивна позиција и немојте да претпоставувате дека имаат најлоши намери.

10. Никогаш нема да сакате повеќе одошто на денот на венчавката
На навистина убавите венчавки се чувствува среќата на двајца луѓе подготвени да го поделат остатокот од животот. Меѓутоа, вистинската авантура започнува утредента (или барем по „медениот месец“). Постои нешто невино и полно со надеж во самиот чин на венчавањето, но без оглед колку е добро можете мошне брзо да се сретнете со разочарувањето.

Морате да го промените начинот на кој го посматрате вашиот однос, зашто во тој случај секоја наредна годишнина на бракот ќе биде се подобра и подобра.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion