Зошто црвенееме?

Потребно време за читање: 2 минути

Зошто црвенееме кога ни е непријатно или кога сме во присуство на некој што ни е привлечен? Одговор нема, иако се знае дека физички гледано тоа е едноставна реакција на проширување на капиларите кои ја доведуваат крвта во лицето. Меѓутоа, зошто доаѓа до тоа, останува мистерија.

Црвените образи се посебен вид на социолошко однесување на човекот како еволуциски најразвиен организам. Црвенилото на лицето е всушност неконтролирана реакција на нервниот систем, предизвикана од настани околу нас.

Луѓето главно „поцрвенуваат” кога им е непријатно, кога се вљубени, кога им е страв, или кога се под стрес. Поради реакцијата на нервниот систем, капиларите кои ја носат крвта спрема кожата се шират и зголеменото количество на крв се слева во образите. Тогаш тоа се манифестира како црвенило на лицето и понекогаш на вратот, што е често проследено со гледање во подот.

Зошто доаѓа до тоа во одредени ситуации, не е разјаснето до крај. Сепак, општо познато е дека животните никогаш не „црвенеат во лице” поради непријатност. Поради тоа тој феномен се врзува за уште нешто, карактеристично само за човекот-моралната свест! Затоа, внимание-телото ги открива љубовните гревови или вљубеноста.

Д-р Марк Лири, професор по психологија на Вејк форест универзитетот, се занимавал со причините поради кои некој поцрвенува. Освен непријатноста што човек ја чувствува, кога ќе поцрвенее тоа има и некоја практична цел, заклучил овој професор:

„Како кога човек ќе го спушти погледот или нервозно се смешка, исто така и кога ќе поцрвенее на некој начин им дава на знаење на останатите дека не му е пријатно, па тие ќе го сменат своето однесување”, вели Д-р Лори и додава: „Тоа е и начин на одбивање на нечие внимание. На пример, човек обично поцрвенува ако некој упорно го гледа 10 секунди и кога тоа ќе се случи оној што се загледал ќе го сврти погледот”.

Д-р Марк Лири напомнува дека малкумина се оние што црвенеат во друштво на добри пријатели:

„Тие веќе стотици пати не виделе како глупаво се однесуваме”.

Како причини за вжарени образи, Д-р Лири ги наведува:

„Луѓето црвенеат кога се чувствуваат глупаво или кога се фатени да прават нешто од што се срамат. Жените единствено почесто поцрвенуваат од мажите кога зборуваат за својот интимен живот”.

 

Leave the first comment