fbpx Прескокни до главната содржина

Врвица

Во сечиј живот една и многу врвици. Едната своја и единствена, многуте нечии, на незнајни, сеедно повторливи или не. Разликата помеѓу нив е уште во две важни нешта: целта кон која водат. Не треба да се заборави уште едно; кое во некои ситуации, состојби и премрежија може да биде поважна од двете: видливоста или откриеноста, поточно изоденоста. Тоа, пак, упатува на близоста и далекоста на целта.

Мислам дека ни се согласни мислењата и искуствата за меѓузависноста на врвицата, целта и животот воопшто. Особено кога е збор за едната, својата и единствената врвица, нејзината видливост или откриеност, и дали целта е по друга, по неа следат други или, пак, е последна во животот.

Од сите мои и твои врвици во животот, низ животот досега, исто од сите мои и твои, засега последната не е ни догледлива. А верувам нам ни е најважна оваа по која одиме заедно; нашава. Мислам, се надевам животна. Исто мислиш?

Прочитај и за ... >>  Човекот меѓу простор и време

Малу ме замислува, по малу и ме загрижува дека врвицава е тесна, стрмна, од поодамна планинска, и води кон догледлив и согледлив, но сè уште далечен врв. Секако е нова. Наспоредно со неа, лево и десно, близу и далеку има неколку стари запуштени, и нови, пошироки, поголи, понатапкани, очевидно поизодени.

Одвреме-навреме нашава врвица ја пресекуваат нечии други кои како да не водат нигде. Прават распаќа кои засега не успеваат да нè замајат и да ни го забават ôдот.   

ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 3

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.