fbpx Прескокни до главната содржина Opens in a new tab

ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 13

13. Еден зрак

Продре зрак длабоко во пештерата на човекот кој заживеа во неа откога во оган му изгоре родот збиран за долги и мачни времиња. Продре и ја раздели мрачнината сосе тишината на две. Едната на пештерата, другата на човекот. Мрачнина во која нема никаков знак на опстанок, ниту може да се роди негова рожба. Во нејзина тишина која одамна ги поразила сите гласови трепетни.

Човекот не излегува од својата пештера со денови и ноќи, непрестајно обидувајќи се да ја пронајде проѕирката низ која продрел зракот, а откога разбра дека е залудно да се сојузи, да се соживее со него, да се договори како отсега заедно. Дали еден по друг, човекот по зракот или зракот по човекот, дали наспоредно. Или, пак, секој на своја страна, притоа строго внимавајќи да не се доближат, а камо ли да си ги вкрстат движењата.

Во меѓувреме човекот најмногу го вознемири сознанието дека зракот не е ниту сончев, ниту месечев. Не е ни од некој незнаен надвор од пештерата кој бара свое ново живеалиште меѓу стениве на Камена планина или во нејзината внатрешнина. Зракот, пак, најмногу се плаши човекот да ја затвори, да ја покрие некако проѕирката, па он да остане во негово владение. А е веќе толку уморен од патување низ неизвесни пространства, што не може ни барем мигум да се престори во најмало, незабележливо пламенче.

Прочитај и за ... >>  ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 20

Човекот и зракот се веќе сигурни дека е неминовно од нив во нив да се појават сенки.     

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.