Потребно време за читање: < 1 минута

39. Релации

Се знаат како да не се знаат. Се слушаат како да не се слушаат. Се гледаат како да не се гледаат. А се блиски, а се далечни, а и можат и не можат една без друга. Во два живота наспоредни. Исто во еден.

Често се две меѓу повеќе, но неретко и меѓу многу луѓе. Се трудат да бидат незабележани, дури само со своите сенки. Досега им успевало, еве и сега им успева да откриваат понешто една за друга од сè што ги изделува додека се во нивен затворен круг. Зошто да не во на други кога макар мигум ќе се најдат во самост?

Две средовечни жени кои не си ги паметат годините бидејќи им се преполни со љубови, рожби, со испреплетени извесности и неизвесности, со стварности и заумности, со надежи и безнадежија, со значајности и маргиналности.

Релациите им се најочевидни кога излегуваат на виделина со исти лица, тела и облеки. Исто така со исти движења, говори, жалости, радости; стишени и со громогласни смеења, уморни и спокојни.

Прочитај и за ... >>  ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 18

Близначки? Може. Зошто да не?