Живот во согласност со вредностите

Потребно време за читање: 2 минути

Текст на Брајан Трејси, еден од врвните професионални предавачи на светот, за тоа како да бидете задоволни од животот, од постигнатото во него:

„Аристотел рекол дека крајна цел или намера на човечкиот живот е да се достигне лична среќа. Вие сте најсреќни тогаш кога она што го работите однадвор е компатибилно со вашите внатрешни ведности. Кога живеете во целосна согласност со она за што сметате дека е добро и вистинито, автоматски ќе се чувствувате среќно и позитивно во врска со себе и со својот свет.

Знајте што навистина сакате

Многумина луѓе напорно работат за да ги остварат целите за кои само мислат дека им се потребни и на крајот од денот немаат ниту радост, ниту састисфакција за остварените резултати. Прашајте се: „Дали е тоа тоа?“. Ова се случува кога надворешното достигнување не е во хармонија со внатрешните вредности. Немојте да дозволите тоа и вам да ви се случи.

Верувајте и на својата интуиција

Самодовербата е основа на големината. Верата во себе потекнува од слушањето на сопствената интуиција, на вашиот тивок, мал глас. Мажите и жените почнуваат да стануваат големи кога почнуваат да ги слушаат своите внатрешни гласови и кога апсолутно веруваат дека со секој чекор на патот се водени кон повисоки нивоа на моќта. Да се живее во согласност со вистинските вредности е кралскиот пат кон самодовербата. Всушност, речиси секој човечки проблем може да биде решен со враќање на вредностите.

Посматрајте го своето однесување

Кога можете да утврдите всушност кои се вашите вредности? Одговорот е едноставен. Вие секогаш ги покажувате своите вистински вредности со вашите акции, а особено со преземените акции кога сте под притисок. Секогаш кога сте принудени да избирате помеѓу едно и друго однесување, секогаш ќе постапувате во согласност со она што ви е најважно и највредно во тој момент. Всушност, вредностите се организирани хиерархиски. Имате цела низа вредности, некои од нив се мошне интензивни и важни, додека други се послаби и помалку важни. Една од најважните вежби кои можете да ги направите за да утврдите кој сте вие всушност и што всушност сакате, е да ги организирате своите вредности според приоритетот. Кога имате јаснотија во однос на релативната важност на своите вредности, тогаш можете да го организирате надворешниот живот така што да биде компатибилен со нив (вредностите).

Одредете ги желбите на своето срце

Духовниот учител Емет Фокс (Emmet Fox) пишуваше за важноста на откривањето на желбите на срцето. Според што сакате да бидете познати? Кои зборови би сакале луѓето да ги употребуваат кога ве опишуваат? Каков вид репутација имате денес? И каков вид репутација би сакале да имате еден ден во иднината?

Вашето минато не е вашата иднина

Многумина луѓе имале тешки искуства во своето детство и голем број од нив се поврзуваат со погрешни луѓе. Некои бидуваат осудени за разни кривични дела. Но, во одреден момент во животот одлучиле да се променат. Сериозно размислиле и одлучиле каков тип на личност сакаат да станат и според што сакаат други да ги препознаат. Тие одлучиле да ги променат своите животи, така што ги промениле вредностите според кои живееле. Запомнете, не е важно од каде доаѓате; единствено е важно каде одите.

Вежба

Направете опис на идеалната личност – личност каква што најмногу би сакале да бидете. Замислете дека за такво нешто не постојат граници.

Leave the first comment