Потребно време за читање: 2 минути

Личностите кои во поблиското или подалечното минато оставиле дела како дел од вредностите на човековата цивилизација, неретко се (ре)актуализираат со значајни откритија врзани за нивниот приватен живот кој (неминовно?) станал дел од создаденото. Кој би можеле да го наречеме животно творештво.

Загриженоста на Хемингвеј поради постојаното следење и прислушкување, кои многумина го толкувале како параноидна илузија, го довела до самоубиство, тврди неговиот пријател и драмски писател Арон Едвард Хочнер. Имено, поради врските што ги имал со Куба тој бил постојано под присмотра на ФБИ, а што кај писателот педизвикало страв и тешка депресија.

„Тоа е најлош пекол. Сите прислушкуваат. Не можам да користам телефон. Ми ја пичаат поштата“, му се доверил еднаш Хемингвеј.

Во 1960. година тој е примен во болница каде што примал електрошковои и се обидел на неколку наврати да изврши самоубиство.

Меѓутоа, во текот на 80-тите години на минатиот век сомнежите на Хемингвеј се потврдени кога е обелоденето неговото досие во ФБИ. Се докажало дека ФБИ го следел интензивно и собирал документација за неговите обиди да создаде антифашистичка шпионска мрежа. Во своите извештаи до претседателот Едгар Хувер, ФБИ Хемингвеј го опишува како физички и ментално болна личност.

Прочитај и за ... >>  За здравјето и работната кондиција на Јапонците

Куба и САД сѐ почесто соработуваат на зачувување на ракописите, фотографиите и книгите на Ернест Хемингвеј, со доста објавени фусноти, кои се најдени во куќата наречена Финца Вигија (Finca Vigia).

Помеѓу бројните документи, од кои многу биле во лоша состојба, се нашол и необјавен епилог на романот „За кого бијат камбаните”, како и ракопис на сценарио за филмот „Старецот и морето” со белешки на Хемингвеј. Обновени се над од 3.000 документи, од кои некои веќе се и во бостонската библиотека која го носи името на претседателот Кенеди, а која чува најмногу необјавени ракописи на писателот.

Во јавноста посебно внимание предизвикаа љубовните писма кои на остарениот Хемингвеј му ги испраќала младата венецијанска грофица Адријана Иванчиќ (Adriana Ivancich), веројатно од далматинско потекло, во кои го нарекувала „свој луд добар сладок стар лав“. Воопшто, се смета дека контесата Хемингвеј, кој и денес има статус на голем „кршач на женски срца“, го инспирирала за главниот лик во романот „Преку река в шума“.

Прочитај и за ... >>  Сексот, здравјето и...

Италијанската грофица (умрела во 1983. година) објави автобиографија, а нејзините писма до Американецот, кој сакаше авантура во сите нејзини значења, би можеле да докажат дека нивниот однос не бил само платонски, како што главно се сметаше досега.

Хемингвеј на Куба живеел 20-тина години и неговиот дом денес е музеј кој годишно го посетуваат 50.000 луѓе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here