Потребно време за читање: < 1 минута

Филозофијата способноста ја дефинира како потенцијален реактивен состав за вршење на одредена дејност. Способностите се стекнуваат во текот на дејноста врз основа на наследени диспозиции, а под влијанија на општествената и природната средина во која индивидуумот живее и се развива.

Се разликуваат основни или фундаментални способности кои го одредуваат нивото на успехот во поголем број на различни дејности (на пример интелигенцијата), од специјалните способности кои се изразуваат во потесни, специфични дејности (на пример острината на видот, вештината на прстите).

Талентот како поим доаѓа од латинскиот јазик, а кај старите Грци и Евреи било мерка за тежина и парична единица-талент (тег од 100 мини=150 килограми). Тој се разликува од способноста. Се дефинира како природна способност која на поединецот му овозможува натпросечни, а често големи успеси во одредено подрачје од неговото дејствување (на пример во музиката, математиката итн.). Со други зборови, под талент се подразбира способност која веќе во животната активност е развиена. Самата можност или тенденција таквата способност да се развие се нарекува психичка диспозиција.

Прочитај и за ... >>  Петмина вистински владетели од сенка кои ја обележале историјата

Тоа е основно, не само филозофско поимање на способноста и талентот. Во секојдневната активност тие се потврдуваат на индивидуален, но многу повеќе на колективен план. Притоа, способноста не мора, но по правило е поврзана со искуството, особено кога лицето-личноста е во предводничка улога. Исто така, таа во себе го „инкорпорира“ знаењето односно стручноста, но не општото, просечното, туку специјалното во одредена област-специјализација.

Што се однесува на талентот, не треба да се заборави дека и тој треба да се „храни“, но и секогаш максимално да се искажува-користи. Ако тие два „процеса“ не се одвиваат едновремено и напоредно, ја губи вредноста и како психичка диспозиција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here