Потребно време за читање: 4 минути

19. Сценарија

На сценариото му претходи синопсис-преглед, нацрт, скица. Сценариото, пак, е напишан детален план со главни компоненти акција и дијалог, со опишани или визуeлно прикажани ликови. И синопсисот и сценариото може да се на еден автор или авторот на сценариото да биде друг-специјалист-сценарист. Кога режисерот е и сценарист (сè почест случај во нашево време), синопсисот неретко се пренебрегнува како непотребен.

Од сите видови сценарија (за филм, игра, секакви колективни и индивидуални претстави), најактуелни и сами по себе „најопшти“, едновремено најприкриени и најтајни при нивна реализација се секако политичките, поточно државничките, чии „носители“ се тајни служби, агенции, организации. Од нив, пак, најпоследични се на големите и силни држави против мали и слаби. Во нашево време и за нас од судбинско значење се сценаријата на „стратешкиот партнер“ и „меѓународната заедница“. Нужна дистинкција: секое партнерство, значи и „стратешко“, мора да се темели на рамноправна основа, да биде од взаемен интерес, а со „меѓународна заедница“ погрешно се именува мала група на земји со кои се соработува по разни основи, а која не е ни 5%-10% од целокупната „заедница“ на држави во светот.

Најпрвин: се реализира ли во подолг временски период некое тајно или веќе препознаено сценарио  во и за Македонија од „стратешкиот партнер“ САД (предводено од CIA)? Можеби заедничко со „меѓународната заедница“-големи и водечки европски држави? Ако нештата се одвиваат според одамна затврдено сценарио, тогаш која е неговата крајна цел и колку е таа блиска или далечна? Спротивно: можно ли е сè што им се случи/им се случува на Македонија и македонскиот народ да е „спонтано“, водено од поволноста или неповолноста на моментот односно на моментумот? Немновно се поставува и прашањето: станува ли збор за едно сценарио реализирано во повеќе фази или, пак, за повеќе последователни сценарија кои се носеле и се носат во зависност од собитијата?

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ И ПРОМИСЛУВАЊЕ, 2

Развојот на состојбите во Македонија и однесувањето спрема неа и македонскиот народ од страна на неговите соседи од една страна, како и спрема македонското малцинство во нив, во долг временски период од повеќе децении, повеќе и од век ипол, укажуваат на тоа дека се реализирале сценарија, значи повеќе, и тоа секогаш со иста конечна разрешница: разнебитување на македонскиот народ, окупација и негова асимилација, оневозможување тој да создаде своја држава, а во рамките на балканските и светските-глобалните превирања и територијални прекројувања. Одделни, посебни сценарија на  сегашниот „стратешки партнер“ на Македонија-САД, како и на „меѓународната заедница“-големите, поточно водечките земји членки на ЕУ! Со други зборови, ниту имало, ниту има, ниту може да има такви „случајни“, „спонтани“ пресвртни собитија. Доволно е да се спомнат балканските војни, Букурешкиот договор од 1913., Граѓанската војна во Грција и егзодусот на Македонците од Егејска Македонија, како и најновиот, завршниот „удар“-преименувањето на Македонија и бришењето на националниот идентитет на Македонците (во сета негова комплексност). Просто речено, наивен и будала е секој што мисли/верува/тврди дека целиот тој процес се одвива „спонтано“, без нечија замисла (синопсис) и прецизно и детално утврен долгорочен план (сценарио). Пеколно, трагично, срамно и нецивилизациско.

Актуелните конкретни процеси и настани во балкански и светски рамки, како и забрзаното темпо на остварување на конечната „стратешка“ цел (речиси реализирана), укажуваат на тоа дека станува збор за повеќе реализирани сценарија во минатото на неколку европски големи и силни земји (одделни и заеднички), со предводништво на Германија, Англија, Русија, некогашните Австро-Унгарија и Турција, и едно единствено актуелно „стокмено“ од САД! Кое се реализира со „сесрдна поддршка“ на водечките европски земји-Франција, Германија, Англија, соседните на Македонија-Грција, Бугарија и Албанија, како и домашни квислиншки владеачки партиско-мафијашки „структури“ на власт (во „главна улога“ северномакедонската СДС и албанската ДУИ). Притоа, треба да се има предвид дека стратешките интереси се меѓузависни и се надополнуваат: на „стратешкиот партнер“ САД (во наводници зашто тој тоа не е) окупација и владеење со „чиста“ територија, за непречена експлоатација на нејзините природни ресурси, а на „меѓународниот фактор“-водечките европски земји конечно разврзување (со меч?) на Гордиевиот-Македонскиот јазол.

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ И ПРОМИСЛУВАЊЕ, 28

Најважно од сè е: во која фаза е, до каде е реализацијата на актуелното сценарио и дали е можно тоа да се смени, ако е веќе невозможно да се надмине?

На социјалната мрежа Фејсбук објавив неколку статуси за актуелните воени жаришта во светот. Во нив изнесов став дека станува збор за прва светска хибридна војна меѓу народи и нации, која ќе трае многу години и ќе предивика многу разурнувања, жртви и страдања. Која, пак, неминовно ќе заврши со победа на народите и малцинствата со нив, и уништување на нацијата како неоколонијалистичка творба од 19. век. Сега не само што државите на нациите од петни жили се обидуваат да опстанат, туку дури се обидуваат во себе да вшмукаат не само малцинства, туку и соседни народи и држави. Токму тоа се случува во и со Македонија. Имено, со договорот од Преспа и Договорот за „добрососедство“ и „пријателство“ со Бугарија, кои се велепредавнички и злосторнички, не само што се преименува државата во Северна Макердонија, се прифати дека македонскиот народ нема свои малцинства во соседните држави и се самоукина како народ, туку се прифати и постапно присилно формирање на северномакедонска нација! Логично, затоа што е невозможно формирање на нација при постоење на народ.

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ И ПРОМИСЛУВАЊЕ, 29

Во која фаза е реализацијата на тоа сценарио, на тој процес на разнебитување на Македонија како држава на македонскиот народ? Во завршна! Тоа едновремено значи дека не е можно да се сопре, да се смени, веќе е невозможно да се надмине? Дека е предоцна за нов почеток буквално на сè-за нова држава на македонскиот народ и лојалните малцинства во нив, со доследно и беспоговорно почитување на меѓународно дефинираните малцински права?

Последна шанса се претседателските и парламентарните избори! Но, само доколку се обезбеди за првпат тие да бидат демократски, а не режирани. Со други зборови, ако се спречи сценариото за нова натурена власт од страна на „стратешкиот партнер“ и „меѓународниот фактор“. Како? Најпрвин со кандидатура на видни, чесни, учени, умни и опитни државници (претседател и пратеници) и со строга партиско-полициска контрола на процесот на гласање, заедно со пребројувањето на гласовите. Ова поготово во „невралгичните“ изборни единици.

Да, тоа е мошне тешко остварливо, но друг „спас“ за Македонија и македонскиот народ нема!