25. Неутешна
Ни мигновен зрак
сончевина
на црното лице
што ќе разбуди бар
внатрешен спокој.
Ни мигновен воздив
што нема да угасне
в гради,
а ќе излезе од нив
не
како продолжение
на болка и жалост.
Ни мигновен умор
в срце
да навести почеток
или крај
на состојба која
никако да се докаже
како родност
и создателност.