16. Вруток
Непресушен, неугаслив
е врутоков
на мојава планина
со врвови низ небо;
затоа што е несогледлива,
ниту достижна,
ниту допирлива
неговата длабина.
Бистар е, чист е, бранет е
од секакви премрежиња,
обграден со високи дрвја,
сосе зраци низ крошните
кои снага обгрнуваат,
сосе густи треви, билки,
корени и мои врвици
во нив.
Врутоков и планинава
со врвови низ небо
ќе паметат човек
чии траги на опстојба
се откриваат
за одвреме-навреме
да се следат
само на виделина.