ВО ЖИВ ПРОСТОР ЖИВО ВРЕМЕ, Доживотна мисла, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

4. Повторливо секидневие

Ни најмало очекување,
ни ронка надеж во мене
дека може да се случи
човек во љубов
со неосвоива убавина
која никогаш не зајдува
зад самотна планина.

Повторливо секидневие
со сè за мене знајно,
за кое веќе знам колку
уште колку има
деноноќија во светови
соновни и дамна
одживеани,
како било преживеани.

Бидејќи е залуден секој
сал мој личен обид
кога било јас
по многу премрежија
како река понорница
барем мигум да излезам
на виделина;

да подишам длабоко,
да се засмеам пеејќи
молчешкум пред ново
повторливо секидневие,
па пак да понирам
колку може подлабоко
в земи,
меѓу колку стари,
толку нови корени.

Leave the first comment