Јован Павле II, Jovan Pavle II
Аутор: Eric Draper - whitehouse.gov
Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: < 1 минута

Огнената фигура, прикажана на ТВ Ватикан, е опишана како лик на папата Јован Павле II како се појавува од гроб и поздравува со рака. Огнената силуета верниците ја прогласиле за контура на Светиот отец, со подигната десна рака која благословува. Ликот е забележан за време на церемонијата во Полска, на која се одбележувала втората годишнина од неговата смрт.

Детали од настанот беа прикажани на ватиканската телевизија која е специјализирана за верски вести. Јарек Цјелески, полски свештеник и близок пријател на Јован Павле, отпатувал во Полска откако слушнал дека еден од сведоците го фотографирал огнениот лик. Цјелески е уверен дека снимката го прикажува умрениот папа.

„Можете да видите лик на лице во пламен и мислам дека е тоа слугата Божји, папата Јован Павле II“.

Снимките непрестано се прикажуваа на сите италијански телевизии, а беа поставени на сите религиозни интернет страници. Некои од нив се урнале поради илјадниците верници кои логирале за со свои очи да ја видат папината фигура во пламен.

Огнениот пламен на Јован Павле се појавил за време на церемонија на свештеникот Бескид Зивјецки, во близина на родното место на папата во Полска, на 2-ри април годинава 2007-ма.

Полјакот Греож Лукасик, кој ја снимил фотографијата, изјавил дека сликата ја забележал дури кога дошол дома и ги погледнал фотографиите.

„Им ги покажав на својот брат и сестра и тие, како јас, се уверени дека пламенот го обликувал ликот на папата Јован Павле II. Бев толку среќен поради фотографијата, што отидов да му ја покажам на локалниот свештеник, кој рече дека папата за време на својот живот бил на многу аџилаци и оти ги посетува и по смртта“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here