Вино од домати, коприва и марихуана
Потребно време за читање: 2 минути

Вино се прави од сливи, јаболка, капини, аронија, рузмарин, мед… но и од домати и марихуана!

Најнова вест:

Се започнало со стар семеен рецепт до кој по малку случајно дошол прадедото на Паскал Миш кој денес комерцијализира 34.000 шишиња годишно вино од домати на својот имот во Квебек- Канада.

40-годишниот Канаѓанец, по потекло од Белгија, има необично лозје на кое не одгледува грозје, туку неколку вида домати кои сам ги избрал. Овој поранешен месар вели дека почнал да одгледува „вински“ домати пред 7 години.

„Сакав да го завршам она што мојот дедо го започнал во 30-тите години на минатиот век“, изјавил за АФП Миш, кој на своите домати им го посветува истото внимание со кое лозарите го одгледуваат грозјето.

Своето вино, за чие производство од нива до ставање в шише е потребно да поминат 9 месеци, тој го нарекол „Омерто“ во чест на прадедото Омер.

Виното, со боја на злато, содржи 18% алкохол и нема ни малку вкус на домат, а се продава по цена од 25 долари шише.

Прочитај и за ... >>  Додатоци во исхраната што ги препорачуваме за оваа зима

Виното од домати засега е комерцијализирано само во Канада, но Миш се надева дека наскоро ќе се најде и на американскиот и на европскиот пазар.

Виното од коприва се прави од мешавина од 10 супени лажици лисја и корен од коприва, една лажица пелин и една лажица столчени смрекини бобинки. Смесата се става во 1 литар црно вино и се остава да стои 12 часа, по што со додаток од 3-4 лажици домашен мед се вари околу половина час. Поклопено стои се додека не се олади.

Ова вино-лек се конзумира млако, по една супена лажица пред јадење. Освен за лечење на чир во желудникот и цревата, тоа помага и кај гихтот, бубрежните заболувања и неврозата.

Вест на денот неодамна беше и производството на „марихуана вино“. Рецептот во основа се состои од додавање на половина килограм марихуана (1,5 грам по шише) во садовите за ферментација на вино.

Новиот тренд стана прилично таинствен помеѓу калифорниските винари. Од очигледни причини, како и кај нас, марихуаната е забрането да се поседува во каква било форма, така што своите вина тие ги држат во илегала. Конзумирањето на овој новитет е резервирано за посебни пријатели и избрана група на „истомисленици“.

Прочитај и за ... >>  Некои вистини и заблуди за акупунктурата

Марихуаната обично се меша со Cabernet Sauvignon и Syrah, а се разбира дека подобрите суровини- грозје и марихуана- во завршницата даваат подобро вино. Процесот на ферментација го претвора шеќерот на грозјето во алкохол, а алкохолот го извлекува THC од марихуаната. Тоа трае околу 9 мсеци.

„Марихуана вината“ имаат стипчава растителна арома и оние што ги пробале тврдат дека само од чашка може „интересно“ да се опијаните. Нема податоци за нивни лековити својства.

Еве ја и тајната реченица што ја користат калифорниските „марихуана винопии“ за меѓусебно „распознавање“: „Don’t drink and drive, take a glass of vine“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here