Потребно време за читање: 3 минути

Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови (првосвештениците и фарисеите што побарале да биде убиен).

Побарана е стража од римски војници да Му го чува телото. Сепак, Он како оној што невино и неправедно а Божествен претрпел понижувања, страдања и смрт на крст, незадржливо воскреснал. Смртта и пеколот (демоните) не нашле начин да воспостават власт над Таквиот. Воскреснатиот Господ им се јавил на Своите ученици онака како што сведочат Неговите апостоли и евангелисти.

Долгиот богослужбен ден на Велика Сабота завршува длабоко во ноќта со бдението пред Пасха. А на живоносниот Гроб Господов во Ерусалим се празнува Светиот оган. Овој оган од Светиот гроб се пренесува по Светата Земја и ги осветлува сите домови. На денот на великата новозаветна жртва Сонцето на правдата-Христос, го разгорува Светиот оган.

Прочитај и за ... >>  6 знаци според кои можете да знаете дали сте или можеби сте биле гостин на вонземјанско парти

Овој празник е востановен со чудото во времето на патријархот Наркисос, кога во недостиг од масло кандилата биле налеани со вода и запалени од оган кој чудесно слегол од небото и за време на пасхалната служба горел како под масло.

Древните христијански сведоштва говорат дека незгасливиот оган се чува на Светиот гроб од раните времиња на христијанството.

На бдението пред Пасха (Воскресение) во Црквите ширум Православието Епископот, бидејќи е на местото и во образот Христов, самиот ги благословува и ги пали кандилата, а сите други земаат светлина од неговата свеќа.

Велика Сабота е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во грбот и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, а поради самиот факт што е Тој сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица.

Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посведочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј символ е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век во кој се празнува денот на Неговото Воскресение, денот на есхатонот, денот кој сите Христијани со желба го исчекуваат-денот на Второто Христово пришествие.

Прочитај и за ... >>  Нови сознанија за Библијата

Богослужби

Утрената на Велика Сабота во поново време не се служи рано наутро, туку навечер на Велики Петок. Пред Христовиот гроб се кади сликата на Христовото погребение. Читајќи го целиот 118 Псалм се пеат статии во кои се слави умрениот Спасител и се изразува болката, нажаленоста и тагата на Пресвета Богородица.

Ова е поделено на три статии; во канонот на Велика Сабота, чии песни ги напишале Марко Идрунтски (од прва до четврта) и Косма Мајумски (од шестата па до крај), додека ирмосите на првите четири песни ги напишала монахињата Касија, се слави победата Христова над смртта и за првпат се дознава дека овој шабат-оваа благословена сабота во која Спасителот лежи мртов е преблагословена сабота во која Христос е погребен и го ветува воскресението на третиот ден.

При крајот на утрената, плаштеницата се носи три пати околу храмот, а после нејзиното положување во гробот пред неа се чита Езекииловото пророштво за воскресение од мртвите (Езекил 37,1-14), Апостол (1 Коринтјани 5,6-8; Галатјани 3,13-14) и Евангелие (Матеј 27,62-66).

Прочитај и за ... >>  Богот Перун

Со Великосаботната Василиева Литургија започнува Воскресението. Сѐ до читањето на Апостолот (Римјаните 6,3-11), свештеникот ја служи Литургијата во црна одежда (или во темно-сина/виолетова), а потоа облекува бела, затоа што токму на оваа Литургија завршува огласувањето на огласените за веднаш да следи нивното Крштение.

Единствено на оваа Литургија Евангелието (Матеј 28,1-20) не се чита од амвонот или царските двери, туку на Христовиот гроб, затоа што Ангелот на гробот Христов ја објавил радосната вест за Христовото Воскресение на жените мироносици.

Велика Сабота е единствената сабота во годината кога постот е строг (на вода

(Користени Православен календар и Православната енциклопедија)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here