Потребно време за читање: 2 минути

Некаде на морската шир, на дното на океанот, една тектонска плоча делумно се лизна под друга. Се случи силен подводен земјотрес кој го покрена цунами…

Додека патуваат со брзина од неколку стотици километри на час, овие бранови со себе носат огромна сила-потајно, во целосна тишина.

Иако ја знаеме нивната природа, секогаш успеваат да нѐ изненадат. Поради својата должина, ваквите бранови протекуваат и цел час под некој брод на морската шир. За тоа време морската површина се крева само за неколку десетици сантиметри. Затоа морнарите на бродот нема да почувствуваат, а ниту да забележат дека бранот минува под нив. Меѓутоа, кога ќе стаса до брегот или заливот и ќе наиде на поплитко дно, ова дотогаш притаено чудовиште го покажува своето вистинско лице: се претвора во ѕид од вода кој може да порасне неколку десетици метри, а скриената енергија се ослободува со грмеж за само неколку моменти.

Прочитај и за ... >>  Алшар-мистерија или...

Интересно е дека со оваа природна појава сличност имаат многу револуционерни настани, како во науката исто така и во општеството.

Под закрила на црквата во 12. век настанале првите универзитети. Но, нивните ученици набрзо почнале да поставуваат не само верски прашања, туку и за природата на нештата. Пораснала потребата од пишани дела. Наредните три века разни изумители се обидувале да ги надминат тешкотиите на масовно производство на книги. Наместо препишување на книгите, развиени се технологиите на копирање, средување и поврзување на текстови. Почнало производството на хартијата, мастилото и печатот на одделни листови. Тогаш во 15. век се појавил Гутенберг кој ги измислил подвижните букви излиени во метал и ја усовршил печатарската машина. Гутенберг сите дотогашни пронајдоци ги склопил во една целина и ја направил првата печатена книга. Сепак, генерации на луѓе кои живееле во тоа време не можеле да знаат, како ни морнарите на океанот, дека се наоѓаат на голем бран кој минува. Но сега, кога тој бран дошол до брегот, сведоци на неговото вратоломно спуштање се токму нашите генерации. Во изминатите 40 години се отпечатени повеќе десетици милиони книги, за тиражите на списанијата и весниците и да не зборуваме. Благодарение на тоа, и животот во голема мера се промени.

Прочитај и за ... >>  Вулкани- Зона на тишината

Сличен цунами бран се придвижи околу 1880-та година, кога се појави телефонскиот апарат. Тоа беше првиот вистински медиум за „интерактивна комуникација“, односно електронски уред кој на луѓето им овозможуваше разговор и размена на податоци во стварно време. Пред повеќе децении нашите претци не биле свесни во колкава мера тој пронајдок ќе влијае да се промени не само начинот на соообраќај помеѓу луѓето, туку и самиот живот. Зашто, од некогаш обемните и тешки кутии кои висат на ѕид и се користат во ретки прилики, се дошло до тоа денес речиси секое дете да има мобилен телефон. Комуникационите сателити и оптичките кабли овозможуваат непречен разговор со секој дел на Земјината топка…Всушност, околу 1880-тата година се случиле две тектонски пореметувања. Освен пронаоѓањето на телефонот, тука биле и првите, додуша примитивни сметачки машини од кои постепено се развиле современите сметачи. Овие две технологии, комуникационата и компјутерската, се обединија еден век подоцна-околу 1980-тата. Сега нивниот огромен бран се разбива од нашиот брег. На почетокот, повеќето луѓе се згрозувале од промените кои овие технологии ги донесуваат. Но, бранот бил доволно силен и го кршел нивниот отпор.

Прочитај и за ... >>  Дијамантот-најтврдата природна материја на Земјата

На сличен начин можеме да ги посматраме и револуциите во општеството, како Француската и Октомвриската, можеби и падот на комунизмот во Источна Европа. Меѓутоа, како морнарите на морската шир, ниту ние не сме сосема свесни дека постои бран кој прикриено се валка и минува во сегашниот момент. Неговата стварна природа и моќ ќе ја осознаат дури идните генерации.

(Преземено и преведено од: http://www.politikin-zabavnik.co.yu/)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here