- Aristotle ( B.C.) and Theophrastus ( B.C.) both wrote about grafting.
Потребно време за читање: 11 минути

Со должна почит, внимание и задоволство го пренесуваме прилогот под горниот наслов на Ангелина Маркус, објавен на сајтот „Македонска нација“ (http://mn.mk).

Нашите јазични и печатни корекции се маргинални.

Аристотел е Македонец, филозоф, научник и најголем мислител, произлезен од цел ред вредни и моќни луѓе на македонскиот род.

Не можеме да ги наброиме сите автори кои пишувале за Аристотел. Безброј редакции и препишувачи само ја редуцираат неговата оригинална мисла. И во неговите оригинални списи има преправки, а камоли во коментарите. Две ипол илјади години сите се напрегаат да го накалемат како да бил „Грк“. Фрчат спротивните аргументи за неговите неуништливи корени со потекло од Македонија. Диоген, Лиерцие и Милош Ѓуриќ во своите дела најдобро нѐ насочуваат кон тие аргументи за внимателно користење.

Тестаментот на Аристотел ни разоткрива многу аргументи за тоа каков живот, обичаи и закони имале Македонците тогаш, задржани и сега, главно во правен систем.

„Интересен е тестаментот на Аристотел од кого зрачи директна грижа за најблиските во нежна, речиси сентиментална топлина и човечност”, ќе пишува Ѓуриќ и веднаш во наредната реченица прави грешка велејќи дека како и сите тестаменти од она време така беше си бил пишуван и Аристотеловиот. Тоа не е така зашто вообичаено во Антиката и сега тестаментот има личен карактер. Тестаментот на Аристотел, како и тестаментот на Александар, има државнички карактер. Тоа ќе го видиме цитирајќи го според Лиерцие:

„Сѐ ќе биде добро; ако нешто се случи, Аристотел одлучи вака. Извршител во сѐ да биде Антипатар. Додека Никанор стаса, да се грижат Аристомен, Тимарх, Хипарх, Диотел и Теофраст (ако сака и ако за тоа има можност) за децата и за Херпилида и за сѐ што зад себе оставам.

Кога девојката ќе порасне да се омажи за Никанор; но ако на детето нешто му се случи -не дал Бог, и нема да се случи пред нејзиниот брак или од кога ќе се омажи, а деца нема родено, тогаш Никанор нека биде старател и за детето и за сѐ останато и нека управува со достоинство кое прилега и на него самиот и на нас. Никанор нека се грижи (да се стара) и за девојката и за синот Никомах, така како што е најарно за нив во секој поглед, како татко и брат. Ако на Никанор нешто му се случи, да не даде Бог, или пред да ја омажи девојката или откако е омажена пред да дојдат деца, нека важи сѐ она како што е наредено. Ако Теофраст сака да живее со неа, неговите права ќе бидат исти како оние на Никанор. Во подруг случај старателите ќе управуваат спогодбено со Антипатар, што се однесува до ќерката и момчето да биде сѐ онака како што е најдобро. Старателите и Никанор сеќавајќи се на мене и Херпилида, како секогаш ми била верна и предана во секој поглед, да се погрижат ако посака да се омажи да не биде за некој недостоен човек. Освен тоа што го има примено, да се даде еден талант сребро од оставнината и три слугинки што ќе ги задржи, девојката што ја има и слугата Пиреј. Ако сака да се насели во Халхида да добие стан во градината, а ако сака да живее во Стагира да ѝ се даде куќата на мојот татко. Која било куќа од моите да избере, старателите да ја опремат со мебел по свој избор и како што на самата Херпилида ѝ одговара.

Никанор да се погрижи за момчето Мирмекс, да се одведе кај неговите онака како што ми доликува мене, заедно со сѐ она што од него сме го примиле. Амбракида да се ослободи и на денот на свадбата на мојата ќерка да ѝ се дадат 500 драхми и девојка која и сега ја има. На Тали покрај девојката што ја има да ѝ се дадат 1.000 драхми и уште една девојка. На Симон, освен оние пари кои порано му беа доделени, да добие уште еден слуга или да му се додаде уште некоја сума пари. Тихон, Филон и Олимпие да се отпуштат кога мојата ќерка ќе се омажи. Сите мои слуги што ме служеле да се задржат и кога ќе дојдат во соодветни години да се отпуштат, ако тоа го сакаат. Моите старатели, исто така, ќе се погрижат сликите (бисти) кои му беа доверени на Грилион да ги доврши и да се изложат и тоа таа на Никанор, Проксен кои јас сам имав намера да ги извршам и слика на Никаноровата мајка. Тие ќе го изложат довршениот кип на Аримнест како споменик, бидејќи умре без деца; исто така да ѝ посветат статуа на мојата мајка на Деметра во Немеја или каде што тие сами ќе одлучат. Било каде да ми подигнат гроб, таму да ги стават и коските на Питијада, како што таа сама ќе одреди. Во спомен на среќното враќање на Никанор, како што во негово име се заветував, да се постави во Стагира статуа на спасителот Ѕевс и Атина, и тоа во природна големина, високи четири лакти“.

Прочитај и за ... >>  За робовските војни

И во тестаментот на Теофраст, Аристотеловиот ученик, соработник и наследник, има значајни податоци и за Аристотел и за школите и за самите филозофи.

Хипарх и другите филозофи што ги одредил Аристотел продолжуваат и натаму да се грижат за имотот и фолозофските школи низ Македонија. Така и Теофраст го задолжува Хипарх, задолжен со посебен фонд, да ги исплати трошоците според тестаментот (В51,52 по Лаерцие):

„Прво да се доврши Музејот со статуи на богинки и да се додаде сѐ што е за разубавување. Потоа, во храмот да се постави Аристотелова статуа биста, заедно со останатите заветни дарови коишто порано биле сместени во храмот. Потоа повторно да се подигне мал ходник со столбови покрај Музејот за да биде убав како порано, и на должниот ходник да се постават табли со мапи на земјата. Натаму, да се поправи олтарот, да биде совршен и отмен. Сакам и да се доврши Никомаховата статуа така за да одговара на природната големина. Награда за изработка на статуата дадена му е на Праксител, а евентуални трошоци да се дополнат од спомнатите средства. Статуата да се постави на погодно место за тоа. Така да се изврши сѐ околу храмот и заветните дарови. Имањето (имотот) што го имам во Стагира го оставам и го подарувам на Калин. Целокупната библиотека му ја оставам на Нелеј. Градината, шеталиштето и зградите околу градината, сѐ заедно им ги подарувам на оние мои пријатели што и понатаму ќе се занимаваат со филозофија и ќе живеат во другарство како што им доликува и да не продаваат ништо. Таа заедница да биде составена од Хипарх, Нелеј, Стратон, Калин, Демотин, Демарат, Калистен, Мелант, Панкреоен, Никип. Нека синот на Метродор и Питијада Аристотел, ако сака, да му се дозволи да се занимава со филозофија, а во тоа да го подучуваат најстарите, со најголемо внимание, за да напредува што подобро во филозофијата.

…Мене да ме погребаат во градината и потоа сѐ што е во тестаментот од кога ќе се исполни на Пампил да му се предаде на управа, откако Хипарх ќе ги подмири сите трошоци“.

Тестаментот во три примероци бил запечатен со печатниот прстен на Теофраст.

Ете, тие се двата тестамента, доведени до перфекционизам, од коишто можеме да го согледаме македонското имотно-правно законодавство на државата, образованието и фамилиите. Од тестаментите се гледа државниот карактер на имотите на филозофите. Аристотел, Теофраст и другите филозофи се грижат не само за фамилијата, учениците, туку и за слугите. Тие други филозофи се многу познати имиња: Проксен, Хипарх, Нелеј, Стратон, Калин, Калистен, Демарат, Метродор зет на Аристотел, и тие што филозофијата ја пренеле во Александрија и ја продолжиле научната работа во Александриската библиотека. Никаде не се спомнува Атина и Перипатичката филозофија на Аристотел таму.

Од тестаментот се гледа дека Лицеумот и Гимназиумот се подигале на места на старите Аполонови светилишта и затоа ги има во Дион, Еге, Пела, Олинт, Амфипол, Тас(ос), Стагира, Абдера, Троја, Хефес, Милет, Александрија и Стоби, Хераклеја, Стибера и т.н. Лицеумот во Атина исто така е Аполоново светилиште подигнато откако Атина е окупирана од Македонија. Сите градови и реки во Македонија носат имиња на богови и кралеви. Во сите нив има разни школи. Во Атина оратори, странци, предавањата ги држеле по улици и на плоштад сѐ додека не дошле Македонците да им ги изградат институциите. За нив филозофијата била без татковина и барала престој за вдомување, надвор од ѕидовите на Атина. Тоа е причина за да ги убијат, за да не им платат. Дури и Аристотеловата школа ја нарекле Перипатакос, што значи свет пат по кој што се движеле Македонци, што, всушност биле македонски школи и светилишта заедно.

Таму каде што има театар и светилиште со стадион во близина се знае дека тие градови се македонски или се градени според македонски план.

Тоа се вежбалишта и собири на фалангата и народот, за прослави. Во истите градови има Лицеум како школа за царските деца и идните воени и политички управители подготвени да управуваат и да ја чуваат власта. Тоа се школи за посветените.

Од списоците на тие школи Александар го оставил управниот екипаж во сите градови до кајшто владееле Македонците. Гимназионот го давал поширокото образование, а Симпозионот како институција ги собирал најучените луѓе, сите рамни на себе по знаења. Покрај сето тоа што го сретнуваме во описите и ископините за Македонија, неодрживо е мислењето дека била неписмена, варварска земја. Ако Филип II собрал овчари од планините и ги пуштил по светот да војуваат, нека ни објаснат како таа иста фаланга ги изградила сите светски чуда со патишта, градови и со градителски чуда како Мавзолејот, Артемидиниот храм, Фарот, насипот на Тир, Александриите и подоцна Цариград со Св. Софија, тврдините, црквите со фрески и мозаици. Сето тоа го создале царевите со своите учени филозофи, со Македонците.

Прочитај и за ... >>  Гиганти- таинствен народ на Божјите синови

Од тестаментите се гледа каков бил тој фамозен град Стагира, град на македонските школи и филозофи, не само на Аристотел и Теофраст, туку на сите имиња што се спомнуваат тогаш и подоцна кои учествувале во средување на Аристотеловите списи. Тоа што Филип го кажува за Стагира и Теофраст го опишува во тестаментот личи на град со слично име Стибера, со сите тие светилишта, статуи, школи. Возможно ли е да постоеле повеќе градови со исто име како што се Александриите? Возможно ли е во центарот на Пелагонија да постоел тој филозофски град, толку богато украсен со статуи и светилишта?

Ако е Стибера родното место на Аристотел познат како Стагира, нормално е град со толку олтари и школи да биде опколен со прстен од стратешки градови, некои блиски до ним како Пелагонија, Алкомена, Линк, а другите на 17 километри како Хераклеја, Керамиде, Хискана. Таа ротонда од пелагониските градови ја штитела целата генерација на Александар и неговите царски другари во време на нивната обука и стекнување на знаења. Ученик на Аристотел не бил само Александар, туку биле Линкестидските принцеви Пејтон од Алкомена, Касандар син на Антипатар, Филота на Парменион, Аталовите синови, Птоломеите. Фамилијарната врска на Филиповите генерали постои и кај нивните синови кои се генерали на Александар со исто македонско потекло и образование. Тие подоцна станале цареви на македонските држави и по 300 години владеење ја пренесувале Аристотеловата филозофија од Александрија насекаде по светот. Без Аристотеловото знаење лесно и долго, со столетија, не ќе можеле да владеат Македонците. Светот беше трајно освоен со Аристотел, пред да тргне Александар во поход низ азиските земји. Тоа беше ширење на македонската култура и оставање на македонските обичаи по светот.

Сѐ она што се спомнува во тестаментот не го измислил Аристотел, туку го наследил од своите претци. На пример, имињата на своите деца Македонците ги даваат од своите родители. Така, таткото и синот на Аристотел се викаат Никомах. И Аристотел добил внук, со исто име Аристотел-синот на ќерка му Питијада кој исто така станал филозоф во истата школа, Лицеумот на дедо му, славниот Аристотел. Наследниот ред на имиња, имоти и професии го има кај сите македонски фамилии, а најизразен кај царските фамилии. Нивните имиња се повторуваат низ многу генерации како Филип II, Клеопатра VII, Константин XIV и многу цареви со име Александар, Пердика, Аминта. Никој од нив, ни од династијата ни од филозофијата, немаат врска со атинската демократија и нема зошто да војуваат за Атина или да шират елинизам. Науките, царевите, народот се бореле за себе со длабоки корени од минатото за иднината на Македонија, за нас сега. Сите научници и филозофи ги финансирала македонската држава.

Голем број од филозофите во Македонија биле со царско потекло од првосвештеници. Таков е примерот со Аристотел, чии претци биле царски лекари, царски филозофи, царски уметници. Не е ни чудо што Теофраст го запечатил својот тестамент со свој прстен, како што е прстенот печат во писмата на македонските династии или прстенот на Александар со што Филип го овластил да владее уште како млад принц на 16 години.

Тоа што го гледаме од тестаментот е описот на македонското погребување слично како во гробницата на Филип II со засводување, со ходник, со заветни предмети и со статуи на богови и сите членови во фамилиите на Проксен, Никанор, жената, мајката на Аристотел, синот Никомах. Од погребувањето и украсувањето се гледа статусот на Аристотел, неговата фамилија и неговите соработници. Во Стибера се откопани бисти и статуи како што се вели во тестаментот: не поголеми од четири лакти. Само статуите на богови можеле да бидат повисоки како наречените „Херкуланки“ од Стибера.

Мерниот и бројчан систем во Македонија насекаде доаѓа до израз како однос на златен пресек, особено во градбите на ротанди, во светилиштата на Аполон и театрите, колонадите, бистите. На Праксител му биле порачани и платени бисти; тоа е тој скулптор на Александар како и Лисип, царскиот портретист. Праксител требало да ја доврши статуата на Никомах, синот на Аристотела- известува Теофраст во тестаментот.

Македонците си имале свој мерен систем според пропорциите на телото. Тие мерки уште се задржани кај Македонците-терзии, трговци и други занаетчии. Тоа се еден прст, четири прсти, чепарок, педа, стапало, лакт, чекор, чело (третина од лицето) за глава повисоко, бој или остен, за раст. Кога Аристотел остава аманет, порачува да се подигне статуа на Ѕевс од четири лакти, ја нагласува големината на богот над два метра височина и во исто време го нагласува среќното враќање на Никанор во Музејот во Стагира. На Никанор како Гимназијарх откриено е пиедестал со натпис во Стибера и светилиште на Ѕевс и Асклепио покрај светилиштето на Тиха, со многу женски статуи како што се опишани за подигање на Музејот, отмен како што бил пред разурнувањето. Веројатно имињата на Немеја и Деметра подоцна се преправени и додадени во тестаментот наместо Тиха и Артемида.

Прочитај и за ... >>  Древна (Античка) Македонија

Потеклото на Аристотел се утврдува и со сознанието дека и Проксен бил од Стагира, бил филозоф и бил старател на Аристотел, бил роднина што се грижел за образованието на Аристотел исто онака како што сите се грижеле за Никанор, синот на Проксен, посинет од Аристотел.

Дека сите роднини и пријатели биле блиски до царското семејство, ни зборува за важноста на Аристотел и на луѓето на кои им се подигаат статуите. На обичните луѓе не им се посветувало такво внимание, како на децата на Аристотел: Никанор, Никомах, Питијада. Најголема грижа и љубов Аристотел покажал за ќерката Питијада, за која наредил посебно обезбедување, а коските на нејзината мајка ги посакал во заедничка гробница. Тоа се роднини на Хермија од Атарнеја, којшто на филозофите им го подарил местото Ас, каде што Аристотел и Теофраст имале филозофски школи и потоа отишле во Митилена исто така во филозофска школа, од каде што заминале за Пела кај Филип, да го учат Александар. Кај Хермија бил затоа што Филип претходно склучил договор за соработка и Атарнеја се претворила во претстража и база за напад на Персија. Кога Персијците го убиле Хермија, Аристотел жалел и му посветил химна и обележје во Делфи, дека покрај другото со Хермија преку Питијада бил во крвна роднинска врска. Филиповата стратегија кон Персија била трасирана со стари културни и филозофски врски крај Јонското крајбрежје, не само со Атарнеја туку и Халикарнас, Мавзол и други владетели ја поддржувале политиката на Филип. Тие градови широко ги отвориле вратите пред доаѓањето на Александар, зошто претходница биле филозофите и генералите на Филип.

Дека бил многу голем бројот на оние што го следеле и што се школувале во големите гимназиони на Аристотел, има и други податоци во тестаментот, каде што тој го задолжува Никанор да го одведе момчето Мирмекс кај неговите со сѐ она што имале примено од него. Ако тоа богато момче дошло кај Аристотел да се школува, треба да знаеме што сѐ Филип дал да се школува синот Александар и уште колку давале другите за школување на царските и генералски деца за да се создадат цели градови со школи за учење, живеење и практика во лаборатории, светилишта и палати во паркови, царски уредени.

За условите на идните владетели Македонци од придружбата на Александар ништо не се штедело. На пример, Теофраст во Гимназионите држел предавања пред 2.000 ученици, затоа во тестаментот нагласува дека и не можеле да се соберат сите на едно место и затоа во секој македонски град откопуваме толку школи и други градби во функција на цврстите принципи во образованието на Македонците, затоа и фалангата толку била издржлива и способна да гради и да шири култура македонска. Аристотел држел двапати на ден предавања за посветените-стручни, научни и предавања за обичните луѓе. Тој принцип е застапен од многу порано кај Питагорејците и во дворот на македонските династии, познат од Архелај до Александар и потоа. На традиција на поколенија школувани научници им припаѓа Аристотел којшто системот на науките и образованието го довел до совршенство со поддршка на македонските династии Аминта, Филип и Александар.

Сите предавања на Аристотел во сите школи и градови, во средена состојба се сочувани заедно со целокупната систематизација на науките. Се сочувани и сите дела што ја продолжиле истражувачката дејност и на другите филозофи.

Од тестаментот гледаме колку имот и богатство имал на располагање Аристотел, а сепак непроценливото богатство се библиотеките со чии списи сѐ уште се служиме. Дион, Пела, Стагира, Стибера, Митилена, Ас и многу други градови каде што живеел и работел Аристотел, со фамилијата и филозофите, не се во Атина. Аминта, Филип и Александар од царската благајна го финансирале Аристотел, а последните од 335 до 323 година тоа го правел Антипатар и Олимпија. Во тестаментот не се спомнува ни Атина ни Платон. Дека тој е од постаро време, се гледа по именување на внукот Калистен од Олинт, убиен во походот. Писмата до Филип, до Александар, до Антипатар зборуваат за тесната поврзаност на Аристотел со кралевите на научно, филозофско и политичко подрачје.

Аристотел се родил со Филип, умрел со Александар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here