• ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА X
    662. Гoтов си, народе! Те отру власта!!
  • ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА
    924. Јас ја разбирам политиката како вештина на лажење и замајување на народ, а за лични и туѓински цели.
  • ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА
    955. Лицемерно е да ти се признае делото откако ќе почне твоето Време на заборавот. Достоинствено е и тоа да исчезне заедно со тебе.
  • ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА X
    700. Без оглед на сѐ, сѐ уште опстојувам и постојам оти сум постојан.
  • ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА
    902. И само проблесок во мислата е доволен од човек во години кој сам или заедно со блиски минал низ секакви, мачни и болни премрежиња.
  • ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА X
    624. Сѐ е однапред договорено и наместено, а те залажуваат дека сѐ зависи од тебе.