- ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА X710. Веќе не може да биде како што е штом не може да биде барем како што беше.
- ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА X695. Ај не треси зелени од позицијата на која што си! Поарно е и за тебе и за твоите да молчиш.
- ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА887. Како сѐ живо, и љубовта е безнадежна без минато со сегашност.
- ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА846. Еве молчам. Сега ви е полесно со мене исто како без мене?
- ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА845. Време е за лечење на отворени рани?! Кои? Од кого отворени?
- ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА918. Што си како советник на недоветен политикант?!