- ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА X578. Избирате што читате?! Како? Помеѓу што и што? Да не ви избира друг?
- ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА859. Добро, ќе му турам пепел, ама пеплосувањето продолжува!
- ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА844. Во циркусов ми е сѐ потешко да ги разликувам кловновите од партиските измеќари.
- ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА869. Бега народот од државата што му ја украдоа и во која не постои. А на крадците им преостана уште да ја доразградат и распродадат.
- ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА875. Редот на нештата во животот со годините станува сѐ попостојан. Исто и навиките.
- ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА881. Им придаваме дури судбинско значење на дребнавости и безначајности, а не се ни учиме да препознаваме вредности.