Потребно време за читање: < 1 минута

  1. Раскажувач

-Тој беше добар раскажувач на куси, минијатурни и долги раскази, новели и романи. Подеднакво. Беше радо читан, особено од возрасни читатели. Од мнозина? Би можело да се каже, но треба да се има предвид дека книжевни дела се читаат срамно малку. Се разбира дека би можел надолж и нашир да образложувам, аргументирам, критички да ги анализирам неговите дела. Впрочем, тоа веќе го имам сторено на неколку наврати,-му кажувам на еден млад прозаист кој штотуку го направи првиот чекор со прва објавена збирка раскази.

-Да, знам, имам прочитано. Ама не разбирам зошто беше радо читан?! Не е веќе, откако почина?

-Е и ќе биде уште некое време. Како во сѐ и при сѐ во кое било творештво.

-Не се согласувам!,-ми одговара отсечно, речиси налутено.

-Не мораш,-му одговарам рамнодушно.

Се разделивме.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here