СВЕТОВИ, поезија/припеви, 31-35

Потребно време за читање: < 1 минута

31. Изворен припев

Излегувам на виделина
по многу одминати
мрачнини,
под студени карпи,
во испостена земја,
меѓу подземни огнови.

32. Деца

Собрани деца во круг
играат криенка
со своите сенки,
следејќи го сонцето
од стар до нов залез,
до збор, до песна
од земја на небо.

33. Согледувам

Не е добро додека добро
не навлезе во корени
стари,
додека добро не навлезе
меѓу корени млади
и додека добро
не надвладее туѓини
сокриени зад лицемерни
соживеаности.

34. Дејание

Што останува
по твоето дејание
од немоќ,
од поразија,
како дребнав
пред твое минато
и пред наш тек
на време?

35. Опаки Ќе почнат војна
опакиве
за да не завршат на крајот
во беспаќе кое ќе збрише
каква било нивна трага
жизнена.
Ќе почнат војна
опакиве
со отрови и болештини
до смрт на сè живо
од под земја до над земја.