Строгости на форми, 75-84

Потребно време за читање: < 1 минута

75. Во тебе

Имало нешто,
во тебе било,
а веќе не е.

76. Не знам

Нешто случува,
важно се случува.
Без зошто и како.

77. Знак

Во дрво знак
на присуство
на сам човек.

78. Нов свет

Некој нов свет пред мене
се раѓа од семиња
меѓу ѕвезди и сонце.

79. Танчери

Танцуваат танчери
меѓу два суви брега
на надојдена река.

80. Трева

Порасна трева
по многу дожд и сонце
од рано утро.

81. Борба за слобода

Секој ден борба
на мисли и говори
недоречени.

82. До кога јас

Не знам до кога
јас ќе бидам што не сум
бил кога било.

83. Јакост

Негова јакост
одамна изгубена
пак му се враќа.

84. Исто

Секогаш исто
во него се случува
дури не е он.

СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови