Строгости на форми, 55-64

Потребно време за читање: < 1 минута

55. На пат тргам

Кој пат води
до една убавина
меѓу жалости?

56. Болна слика

Болна а жива
самотна во постела.
Бавно умира.

57. Лекокрилен

Ветар немирен
лекокрилен на небо
гони тишина.

58. Пее молк

Се распеал молк
во недоглед изгрева
дете игриво.

59. Многу

Овде собрани
многу зрели плодови
за студ и зима.

60. Под водопад

Покри се со мене
во завеса водна.
Никој да не нè види.

61. Мовче

Дрвеново мовче
над водава матна
за нас без брегови.

62. Цвеќиња

Разни цвеќиња
сегде околу.
Заспивам во нив.

63. На нож

На сечиво
на нож крвав
гасне воздив.

64. Мртви

Многу мртви
во спомени
одживувам.

СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени форми