45. За опстанок
Корен длабоко
семе фати совреме.
Земја во живот.
46. Напред
Напред уште сама,
меѓу рожба и дом
снеможена жена.
47. Дребнавости
Пред да заминеш,
со твои дребнавости
сам се збогуваш.
48. Јадро
Влезе во јадро
на сончевина,
благодарница.
49. Крадец
Многу спомени
украдени од крадец
насликан на нив.
50. Огледување
Се огледува
убава жена,
уморна сенка.
51. Авети
Се збрале во мрак
авети од секаде,
дека нивен свет.
52. Трајност
Една последна
трајност слободна,
сама во рамка.
53. Пламен
Пламен говорник
се исправил пред народ
да го дослуша.
54. Единична средба
Не било за нас
да се препознаваме
во случаен миг.
СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови