35. Ден
Ден до овој ден,
што мора да е
за незаборав.
36. Без мене
Долго без мене
ти си во мене
само за мене.
37. Има
Близу сум до сон
во кој имаме
единствен наш свет.
38. Сомнежни
Вие сомнежни,
доста во игра
грижна слободна.
39. Борба
Борбава со смрт
трае предолго,
непредвидливо.
40. Последна
Стара тврдина
на виделина крајна
како одбрана.
41. Како пак
Неповторливо,
не било како било
во постоење.
42. Минливо
Секогаш нема
што е видливо наше
во свет когашен.
43. Структура
Се гледа мрежа
ко од пајак плетена
околу срце.
44. Далечина
Дамна пустошна
некоја далечина
пред преумора.
СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови