Потребно време за читање: < 1 минута

491. Чувство

Неснослива болка
однадвор и однатре.

492. Гробница

На виделина празна гробница
без трага од мртви за живи.

493. Напор

Речиси бессилен и премален
речси до источник уште жив.

494. Танчарка

Некогаш ја познавав
танчаркава на сонце.

495. Смеа од срце

Се смеат деца дури
летаат во синевина.

496. Дивјаци

Од кај ли надојдоа
дивјаци во земјава?!

497. Слабодушен

Нему му е одамна сеедно
оти не може ни до догледно.

498. Легенда

Нашле мртов змеј
крај отруена река.

499. Зилје

Ти си икој со зилје
спрема недостижно.

500. Трагач

Не престанува трагач да трага
по траги на луѓе во беспатје.