СТИХУВАНИ БЕСЕДЕЊА, стихозбирка

25. Чувствување

Ништо не ми е блиско
што е со мене,
што е околу мене,
што е и во мене,
ако макар некогаш
не сум го чувствувал
или веќе никогаш
нема како постојно
во нешто друго,
во нешто ново
да го чувствувам.

Со други зборови,
што било со мене,
што било околу мене,
што било во мене
без да го чувствувам
не преживеало,
сум го одживеал
или не оставило
трага за паметење.

=== Бесплатно рекламирање ===
Licevlice.mk

Може да е тоа само
моја лична слабост,
некаков личен однос
спрема светот во кој
сум јас што сум:
обичен, редок
или единствен збор
кој од никого не бара
смисла, значење,
паметење, прифаќање,
коренување во говор
на песна како игра,
како опстојување.

Лично не чувствувам
никаква потреба
да им докажувам
на блиски и далечни,
на оние што не знаат
да го восприемат
суштесвениот,
решавачкиот миг
на опстојот на песната
што ја пеам секогаш
кога сум збор обичен,
редок или единствен,
дека чувствувањето
ми е почеток и крај

Прочитај и за ... >>  Суштини, 71-77

меѓу дв мои воздишки,
меѓу две мои тишини
меѓу две гласења
на моето срце.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.