Потребно време за читање: < 1 минута

131. Една моја успивна
сал за една љубов

До тебе ќе легнам песна,
на твојата возглавница,
за дури не заспиеш
да дослушаш тајни знаци
на мој неспокој во неа;
потоа неусетно,
како воздиви замислени,
пред будност
да те заплисне шепот
докраен.

До тебе ќе легнам песна,
на твојата возглавница,
а ти не ја куми оти
ја направив успивна
за во несон да те има.

Ќе ја слушаш,
може ќе ја дослушаш
сѐ потивка, подалечна,
дури не потонеш
во длабоко море
и вкочанет пејзаж
потонати во тишина
преполна со молњи,
со крв меѓу црвени,
меѓу модри облаци.

Дека си сал една љубов
во игра на наши срца,
во зборови безгрешни,
во стивнати огнови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here