Потребно време за читање: < 1 минута

84. Чувствување

Чувствувам како сите
божества на светот
стануваат рамнодушни,
всушност малодушни
дека огнот,
распален од порази
на човек
што никако не прифаќа
различни мисли
и зборови преполни
со немости,
е веќе во долги,
каменити,
безвременски,
недогледни пустелии.

Чувствувам како сета
природа,
во сите годишни доба
сѐ побрзо станува
неменлива,
како мигум обградена
со до небо извишени
мрачнини безживотни,
без семе, без род,
без корен.

Тоа мора да е
предвесник или знак
на последна војна,
жестока, крвава, страдна,
помеѓу призраци
и гласови нечовечки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here