20. Бдение
Не ми иде никаков сон,
а мисли недоброени,
израстурени во мрак,
како во беспаќе,
како во виор.
Бдениево не ми е прво
вакво,
во тишина и молчаливо.
Сум имал до ноќеска,
до пред полноќ многу
каков што сум:
ранлив, ронлив
и недогледен врв
на залезна самост.
Ова ми е по уште едно
простување со ближен
кој не знаеше
дека сум сѐ уште жив.
И нему, како на други
мои ближни пред него,
смртта постапно
му го одземаше здивот
до последниот,
најдлабокиот издив.
Видов дека во него
ме виде што станав
како врв
на залезна самост:
возвишено, недостижно,
достоинствено, самосвесно,
воинствено, доблесно,
слободољубиво
и неуништливо семе
животворно.